МАРИЧИЌ : ПОДГОТВЕНИ СМЕ ЗА СЛЕДНАТА ФАЗА ОД ПРЕГОВОРИТЕ, ЗА КОЈА НЕОПХОДНО Е ЗАВРШУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ

0
303

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска се обрати на заедничката седницата на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања при Собранието на Република Северна Македонија на која се разговараше за успешниот состанокот на Европскиот Совет од кој, како што се очекуваше, стигнаа охрабрувачки пораки за проширувањето на Европската Унија, од земјите членки дека европската перспектива на земјите од Западен Балкан е извесна и остварлива.

Заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања го претставува вистинското место за разговор на која можеме да ја нагласиме успешноста на севкупниот скрининг процес која исто така беше нотирано и од Европската Комисија во овогодинешниот Извештај за напредок на нашата држава, а и недвосмислено ни беше кажано и минатата недела, на 7 декември во Брисел, кога го затворивме последното Поглавје 31 од Скрининг процесот.

Подготвени сме за следната фаза од преговорите, за која неопходно е завршувањето на обврските од Преговарачката рамка за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија, којашто ја усвоивме на 19 јули 2022 година. „Уставните измени се влог за нашата иднина, без да изгубиме ништо. Напротив ја прави европската перспектива на земјата реална и остварлива.

Маричиќ се осврна на фактот дека на 13 ноември 2023 година пристигна официјалното Писмо од страна на Шпанскиот претседавач со КОРЕПЕР, во име на претседателство со Советот на ЕУ, за условите под кои Северна Македонија може да ги отвори преговорите за Кластерот 1 Фундаментални вредности.

Во писмото се наведува дека по завршениот скрининг за Кластерот 1, Европската Унија смета дека може да се предвиди отворање на овој Кластер откако ќе се заврши фазата на пристапните поговори во која ќе бидат подготвени и донесени двете одредници: Патоказот за реформи во јавната администрација и Патоказот за поглавјата за владеење на правото со придружен Акциски план.

Како институција задолжена за координација на евроинтегративниот процес, Секретаријатот за европски прашања уште во јуни оваа година започна со активности за подготовка на овие документи, преку континуирани средби и консултации со сите надлежни институции. При подготовката на сите документи, нашата администрација пред се ги имаше во предвид Скрининг извештајот за Кластер 1 и Извештајот за напредокот на државата, при што се обидовме да ги адресираме најголмите недостатоци во клучните области.

Паралелно со ова, СЕП во координација со МНР започна со подготовка на нацрт Акциски план за заштита и унапредување на правата на припадниците на малцинствата и заедниците, кој треба да се гледа во корелација со патоказите, пред сѐ со тој за владеење на правото.

Морам да напоменам дека од самиот почеток нашата администрација е во постојана комуникација со службите на Европската Комисија, со цел да дојдеме до заеднички прифатлив документ, кој потоа треба да биде прифатен и од земјите членки.

Во своето обраќање вицепремиерот Маричиќ им се заблагодари на сите вклучени институции, вработените во Секретаријатот за европски прашања, релевантните министерства кои вредно работеа на скринингот и беа од најголем придонес за успешниот исход.