Донација за Управата за извршување на санкции за справување со КОВИД 19
Денес, на 31 август во 12:30 часот, амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Анке Холштајн, заедно со г-ѓа Маша Бубањ од организацијата ,,Help – Hilfe zur Selbsthilfe’’ предаде донација финансирана од страна на Сојузната Влада, за имплементирање на мерки за заштита од Ковид-19 на Директорот на Управата за извршување на санкции во Министерството за правда, г. Јовица Стојановиќ.
Донацијата е предвидена за КПД Идризово, КПУ Затвор Охрид, ВПД Тетово и КПД Штип, а е дел од соработката меѓу организацијата ,,Help’’ и Управата за извршување на санкции како и Македонското пенолошко друштво во рамките на регионалната проектна компонента ,,Improvement of the treatment programmes in correctional institutions’’.
Донацијата се состои од 4.126 ФФП2 заштитни маски како и 30 комуникациски уреди и има вкупна вредност од 21.996 евра.
Со почит,
Управа за извршување на санкциите