КОСТАДИНОВСКА СТОЈЧЕВСКА : КОАЛИЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЛЕВИЦА Е КОАЛИЦИЈА НА БЕЗРЕДИЕ

0
292

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за „Слободен печат“ рече дека Мицкоски навечер дава изјави дека сака да коалицира со Левица, а преку ден неговите пратеници во Собранието држат пресови каде Левица ја споредуваат со Хамас, потенцирајќи ги антиевропските вредности.

– Го видовме однесувањето на Левица во парламентот, но и во јавноста. Мицоски со ова покажува дека нема за цел да ги поддржи интеграциските
со процеси, за кои цела меѓународна, европска јавност кажува дека треба да се продолжат, кон полноправно членство во ЕУ, дека треба државата да продолжи да биде фактор на стабилноста, како членка на НАТО, туку да ги блокира, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа нагласи дека Мицкоски ветува ад хок решенија за даноци.

Тоа сите не потсетува на Груевски, кога имавме инвеститори кои ги бараше цела меѓународна јавност со потерница, нагласи Костадиновска Стојчевска .

Костадиновска потенцираше дека коалиција ДПМНЕ и Левица е коалиција на диктаторство и безредие, како кога после францускиот предлог велеа дека не ќе сме зборуваме македонски јазик, а тоа не е ставено никаде под прашање, освен од нив.

-Оспорувањето на македонскиот јазик, култура и идентитет е само од преголема желба на Мицкосси да дојде на власт. Нивото на граѓаните е на високо ниво и таквата реториката на опозицијата ќе биде препознаена, бидејќи гледаме дека не е така, порача потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.