Кој ја штити „Веибо“ во Крива Паланка, кога злоупотребува работници?

0
909

Во гласно најавуваната инвестиција Веибо во Крива Паланка денеска беа отпуштени 30 вработени. Работниците во претходните 15 дена истите дека работат прекувремено по 10 часа на ден, се трпат тортури, има нечовечки и некоректен однос и дека претпоставените не ги почитуваат основните човекови и работнички права. Државниот инспекторат како и обично не реагира при кршење на работнички права од страна на наводните странски инвеститори коишто си заминуваат од државата. Во име на работничките права по којзнае кој пат бараме инспекторските служби да се појават на терен и да им помогнат и на оние вработени коишто се внатре во погонот, бидејќи ова веќе не се издржува. Доста беше злоупотреба на работници на сметка на богатење на поединци. По демократските промени, СДСМ ќе им гарантира на сите работниците почитување на нивните работнички и човекови права и ќе го врати достоиството на секој работник.