Контролите Јакимовски ги направил околу 9 часот на булеварите Илинден, 8 Септември, Партизански одреди, Теодосиј Гологанов, и улиците Рузвелтова, Јуриј Гагарин, Московска и Љубљанска. Овие улици се под надлежност на Град Скопје и затоа задолжени за одржување на хигиената на нив се градските служби.
„На булевар Илинден затекнат беше само еден работник кој беше во движење пред поранешна американска амбасада. На булевар Теодосиј Гологанов работеше само еден работник и двајца работници спроти ‘Симпо‘ на булевар Партизански одреди кои седеа на клупа и пушеа цигара. Истите работници и денеска само 20 минути порано одмараа на истата клупа. На останатите улици нема ниту еден вработен. Толерирање за неработењето на ‘Комунална хигиена‘ нема да има. Постојано ќе ги контролираме и прозиваме“, стои во соопштението објавено на фејсбук страната на Општина Карпош.