ПО ДОЈАВА НА СОВЕСНИ ГРЃАНИ ПРЕКУ ЦУК БРЗА РЕАКЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ И ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЗА САНИРАЊЕ ОПАСНА ОГРАДА НА МОСТ

0
345

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по стигната дојава од совесни граѓани доцна синоќа, пред полноќ, презема координативни активности преку Секторот за операции и координација и регионалните центри на ЦУК за отстранување на опасноста на мостот – надвозник над железничка пруга на улица „Лука Геров“ на потегот меѓу цркавата „Свети Петар и Павле“ и населбата „Даме Груев“ во Оштина Ѓорче Петров.

Конкретно, по добиената информација за искорната ограда и „одбрусен“ – паднат страничен дел од мостот – надвозник веднаш е стапено во контакт со лицата за контакт од Општина Ѓорче Петров, при што бил добиен одговор дека најбрзо што може ќе преземат мерки и од нивна страна местото ќе биде обележано и обезбедено. Притоа, информирале дека надлежноста за санација на мостот била на Град Скопје. Затоа, од страна на ЦУК е стапено во контакт со надлежните во Град Скопје, при што во многу краток рок екипа на градското јавното претпријатие „Улица и патишта“ излегло на терен и хитно го санирало оштетувањето, но привремено, за веднаш да се отстрани опасноста по граѓаните.

Тие информирале дека, според нивните оперативни процедури, потоа ќе следела нивна поопсежна акција и работа за целосно санирање на мостот – надвозник. Од утрово од увидот на лице место, согласно повратната информација до ЦУК, тие информираа за поставените привремени предупредувачки и заштитни бариери, а и со фотографија, за состојбата.

ЦУК, во оваа прилика, изразува благодарност за добрата соработка со институциите од Општина Ѓорче Петров и од Град Скопје, коишто согласно стандардните оперативни процедури, многу брзо ја отстранија опасноста за граѓаните, согласно заедничката координација остварена преку ЦУК и СОК, како сериозни делови од Системот за управување со кризи (СУК).

Неодминливо, при ова информирање е да се напомене и дека граѓаните, самоорганизирани во „фејс“ групата Мое Ѓорче, покажаа голема одговорност за колективната безбедност во нашата средина, со правовременото и јасно информирање за опсноста на мостот – надвозник над железничка пруга на улица „Лука Геров“ на потегот меѓу цркавата „Свети Петар и Павле“ и населбата „Даме Груев“ во Оштина Ѓорче Петров.