КОМИЧНА ИЗЈАВА НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ НИКОЛОСКИ : НЕ СМЕ ГО ВИДЕЛЕ ПРЕДЛОГОТ ДО ВЛАДАТА, НО ОСТАВАМ САМО ЕДЕН ПРОЦЕНТ, НО 99 ОТСТО ЌЕ ГО ОДБИЕМЕ НОВИОТ ПРЕДЛОГ

0
2946

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното гостување на ТВ 21 рече дека 99 отсто ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбие предлогот кој денеска стигна од Франција

-Да оставам еден процент простор дека нашите информации не се точни, дека Радев и Петков станале пацифисти и предлогот е добар. Но, 99 отсто е дека предлогот ќе биде одбиен од ВМРО-ДПМНЕ, рече Николоски.

Тој порача дека доколку бил добар предлогот, тогаш премиерот Димитар Ковачевски и целата Влада ќе славеле.

Комично и интересно е што изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ е во тоа што самиот предлог никој не го видел од опозицијата а сепак најавуваат отфрлање? Што ако е тоа добар предлог? Што ако во тој предлог не станува збор за билатерални и историски прашања? Па нели тоа е нашата црвена линија како држава? Зошто го одбиваат предлогот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ никој не знае, само Мицкоски и врвот на партијата знаат, но како и да е останува да го сочекаме утрото и да го погледнеме предлогот доставен денес до владата.