ВМРОВЦИТЕ НЕ ПЛАЌАЛЕ КАЗНИ БИЛЕ ЗАШТИТЕНИ – Судска фиока полна со недоставени казни од 20 милиони денари, се бара одговорност меѓу судиите, а обвинителството го истражува скандалот

0
1224

Во суд, во фиока на починат доставувач се откриени стотици неиспорачани казнени пресуди, случајот го истражува обвинителството, а судскиот совет проверува дали и судии се вклучени во скандалот.

Претседателот на судскиот совет Киро Здравев потврди дека при проверките кои ги врши советот во еден од поголемите судови надвор од Скопје е откриена фиоката полна со неодставени одлуки во УЈП. Фиоката била на судски доставувач, а сега судскиот совет отворил постапка за да се открие дали во непостапувањето се вклучени и судии од судот. З

дравев не сакаше да го открие судот за да не и се наштети на постапката на советот.

Претходно во емисијата Стадион обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска откри дека отвориле предмет по пријавата на судски совет, а и министерот за правда Бојан Маричиќ рече дека е невозможно зад ваква операција да стои само доставувач.

-Пред некој ден од Судски совет добив известување дека починал некој курир и кај него во фиока откриени се преку 1 500 платни налози, за прекршоци, за мандатни казни… и со тоа за 20 милиони денари е оштетен буџетот, и тоа зборувам за еден вработен само, кој знае колку има други вакви случаи. Затоа сметам дека треба да има дополнување на одредени закони, на Законот за кривична постапка, на Кривичен законик , Законот за управните судови, мора некои работи да претрпат измени за да бидеме поефикасни, без разлика за кој суд станува збор, изјави Русковска во телефонското јавување во емисијата.

-Коруптивното однесување е најчесто организирано, па затоа има вмешани и вработени од администрацијата. Најверојатно за одредена мала парична награда, службеник не вршел достава на платни налози, но не верувам дека службеникот може сам да го прави ова. Обично тоа е заеднички потфат и затоа мора да се реформираме, тврди министерот Маричиќ.

Претседателот на судскиот совет Здравев ни изјави дека „работат под полна пареа“ и за сите неправилности при посетите на судовите отвораат постапки во советот. За работи кои се сомнителни како кривични дела го известуваат надлежното обвинителство, ни истакна Здравев.

Во емисијата Стадион, пак Маричиќ изјави дека по измените на законот, советот разрешил 9 судии и треба да му се овозможи да ја спроведува својата улога во интерес на судството и на граѓаните