БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА ВО ОСТАВКА ГЕНЧОВСКА ЗА БГНЕС ДРСКО ЈА ЛАЖЕ БУГАРСКАТА ЈАВНОСТ ЗА ТОА ДЕКА НЕМА ДОСТАВЕНО НОВ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ

0
671

Бугарската министерка за надворешни работи во оставка, Теодора Генчовска вечерва за БГНЕС изјави дека нема нов француски предлог што се разликува од веќе одобрениот во бугарскиот парламент.

На прашањето на БГНЕС дали има нов француски предлог за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ, што ќе се разликува од веќе одобреното во бугарскиот парламент, Генчовска кусо одговори: Не.

-Се зависи од подготвеноста на Скопје. Од нив очекуваме државна и одговорна политика. Бугарија е подготвена да го потпише најновиот протокол од Мешовитата меѓувладина комисија, рече Генчовска.

Според официјално владино соопштение и изјавата на премиерот Ковачевски во С.Македонија таков предлог е испратен до земјава кој треба утре владата треба да го објави на увид пред јавноста што значи дека Генчовска за БГНЕС дрско ги лаже бугарските граѓани иако е веќе во оставка.