КОЛКУ НЕКОИ НОВИНАРИ ПОВРШНО АНАЛИЗИРААТ – ИДИОТСКА КОЛУМНА НА УРЕДНИКОТ НА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ ПОЛНА СО ТЕШКИ ГЛУПОСТИ

0
2005

Уредникот на Дојче Веле на македонски јазик, седнал да прави анализа на резултатите од локалните избори. Анализата на следниов линк.

И си замислил човекот причини за лошиот резултат на СДСМ и ги става како факти дадени од бога во анализата на Дојче Веле.

Наслвоот е бомбастичен, жестока шлаканица за СДСМ, иако владината коалиција со ДОМ и БЕСА е знак на равенство по бројот на освоени гласови со оние освоени од ВМРО ДПМНЕ.

Да бројката е многу помала од онаа во 2017-та, но тогаш во 2017-та се случи ЛЕНДСЛАЈД, каков што сме имале и порано во 1998ма, во 2002-ра итн кога пукна балонот после 10 години диктатура и гореше и суво и сирово…

Сега се случи типичен лош резултат за секоја демократска влада која работи и греши особено ако е реформска и храбра.

Новинарот Борис Георгиевски би требало да знае дека оваа влада смени име и храбро преговара со Бугарија при што се толерираат тешки навреди и се даваат смирувачки интервјуа и изјави кои се многу тешко примени од македонската националистичка јавност.

Новинарот би требало да е фер и да каже дека овој резултат е последица и на таа храброст на оваа влада која владее непопулистички и ненационалистички.

Но новинарот си прави свои факти и нарации па го нарекува Скопје нечист и загаден и ништо не се сменило изминатите 4 години?!?! Иако реалноста е дека 4 години имаме константен пад на загаденоста на воздухот, се исчистија над 200 депонии, се сменија над 10 000 оџаци со инвертери, се купија за прв пат еко автобуси хибридни кои не загадуваат…

Го прогласува Шилегов за мрзлив и неработник иако се изградија булевари и мостови, пред почеток е трамвајот, ветување кое 70 години се збори во Скопје…

Ги прогласува некои градоначалници за кадровско промашување, небаре е тој крал на ХЈУМАН РИСОРСЕС процена за квалитет итн итн редица навреди и клевети на конто на СДСМ без аргументи, што е чудно за медиум како Дојче Веле…

Но зошто новинарот нема храброст да признае дека резултатот е сепак последица на стравот кај дел од народот од преговорите со Бугарија, дел од народот наседна на купиштата лажни вести на опозицијата, исто така резултатот е и последица на лутината на дел од партиската база која неоправдано чекаше да биде ухлебена од СДСМ и кога тоа не се случи базата не излезе на гласање или гласаше за независни листи и други партии па дури и за ВМРО ДПМНЕ…

Зошто новинарот не се замисли дали резултатот е и последица од тоталната демократија на СДСМ кој дозволи владини партии да тераат анти кампања против кандидатите на СДСМ тоа беше незамисливо во Груевизмот…

Зошто новинарот не се запраша дали резултатот е последица и од изневерувањето од ЕУ кои ни ветија датум па после не го исполнија ветувањето?!

Па дури и уредник на Дојче Веле си дозволува да лаже дека СДСМ ветувал дека СКопје 2014-та ќе се дислоцира, што го нема ниту во една едина програма… Па наводно сега народот го казнил СДСМ за тоа неисполнето ветување?!

Зошто не ја види реалноста дека голем број гласачи на Левица и ВМРО наседнаа на лагите дека ќе се укинувал преспанскиот договор?!

Дека голем дел од гласачите против власта се анти вакцери кои сакаат да се одмаздат на власта зошто не ги пушта во КАФИЌ и ги тера на боцкање со игла од која им е страв до усирање? И за тоа ли е крив Венко и Заев?

Траумата со модуларната и го терети на грб на СДСМ небаре трагедии немало и порано, зарем ВМРО беше крив за бродската несреќа во Охрид или удавените во поплавата во Стајковци? Какво е тоа лесно новинарско лешинарење?

Зошто новинарот храбро вели дека немало напредот на борбата против корулцијата и криминалот, кога прв пат имаме пола екс влада во затвор и олигарси како Камчев во затвор?!?! Тоа дали е така лесно да се поножи со нула како што прави уредникот на Дојче Веле?

Помислив за момент дека читам Инфомакс или Лидер на Златев, а на македонска верзија на најугледниот германски медиум, каква брука за Горис Георгиевски…

Со вакви мрзливи новинари кои толку лесно даваат осуди и измислуваат факти и ги презентираат како такви си патиме, не се само куртоните проблем во земјава…