(Аудио) Сите снимки и транскрипти од најновата БОМБА : Слушнете признание од Груевски, за неговата власт вели: Нас нешто ни фали!

0
1077

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=qWC8pY8AMqw[/youtube]

1. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле?
МЈ: Молам.
НГ: Се чув и со Владо. Тој ќе дошол сабајле во 6. Значи во текот на денот можете да се видите, Владо не можеше точно да ми прецизира, они ќе го побараат сабајле него, па Владо ќе те викне и тебе.
МЈ: Не е проблем, океј.
НГ: Нешто се жалеле дека нешто не си ги примал. Тоа било поплаката.
МЈ: Не…ми пушти еден, тој локалниот што му е тука. Ми пушти порака, јас му ја препуштив на Владо, вика Миле се видоа 100 пати со мене, ветуваат некои работи што по закон не може да им ги дадеме, се повикуваат дека Вие ќе им ги смените и Владо рече нема што да го примам повеќе него. Така договоривме.
НГ: Види Миле, во основа, овие покрупниве компании што се, они си бараат малку по така третман да добијат, ме сфаќаш?
МЈ: Не, ама…
НГ: А ти, мој впечаток е, независно кој колку е крупен-ситен, исти третман му даваш.
МЈ: Не, не е така.
НГ: Не можеш на некој што доаѓа да направи мини трговски центар од 1.000 квадрати да му дадеш ист третман со овие. Или со некои како овие, како Сончев град, гледаш кај сме стигнати со Сончев град, на меѓународен суд ќе одиме.
МЈ: Не, ама бара нешто што е надвор од закон. Значи, тоа со Владо зборев…
НГ: Е сега, значи вториот момент што викаш надвор од закон, исто што мислам вака, лично да ти го кажам, да не ме сфатиш погрешно, сакам да ти помогнам со ова, не…
МЈ: Добро.
НГ: Не ми е поентата да те навредам, него да ти отворам очи каде што мислам дека можеш да бидеш подобар, да бидеш. Што е разликата меѓу тебе и Владо тука, и зошто од Владо да речеме се позадоволни, од тебе помалку незадоволни. Владо е ориентиран према deal,
МЈ: Ама Владо…
НГ: Значи он е deal oriented.
МЈ: Сега ќе Ви кажам Владо што…
НГ: Сака да постигне deal и се разбира некој да не оди во затвор, туку тоа да биде по закон, ама не им вика од прва ова не може, туку им кажува овде има таков проблем, да видиме други варијанти, трети, четврти, размислува, brainstorming, една, друга смисла, па не може оваа, па може оваа, па неможе, и на крај дури и да не најде решение, овие гледаат дека навистина сите можни варијанти се исполнети. А ти им викаш од прва, експерите викаат, сега јас го додавам ова експертите, дека ова не може, не е по закон, и готово, земи или остави. Со вакви крупни, ќе имаме и други вакви, ќе дојдат сега гасоводи-масоводи, не можеш така, земи или остави. Бараш deal да постигнеш, бараш…кружиш како скијање, велеславом, идеш лево-десно, лево-десно.

2. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле, ама сфати ја улогата твоја. Ти не си информатор и не си правен советник. Ти си министер, кој што сака да се постигне deal, не deal со Буик, deal со некој. Буик е крупна компанија. Ама ако со Буик ти не можеш да ги убедиш, прашање е дали други ќе можеш. Јер Буик ако викаат ова не е исплатливо, голема е веројатноста и другите да го кажат истото. Така?
МЈ: Ама не, Буик бараат сега околу гаранцијата. Други барања немаше. Јас тогаш кога беше состанокот, тој беше…
НГ: Ама они не…
НГ: Ама они не… Добро нејкеш да прифатиш дека и ти имаш своја вина, не е битно, односно не е вина, слабост е тоа, ќе се корегира тоа, не е некорегирачка слабост.
МЈ: Нее, ја не викам дека сум безгрешен, мислам према Буик сум имал коректен однос… кај шо некој на пример…
НГ: Ама не бе Буик, ја не сум ти кажал за сите, еден куп има што кажуваат, дека кај Владо се многу задоволни, кај тебе се незадоволни… а не е дека ти помалку работиш од Владо, односот е у прашање…односот и тоа дил ориентид…. значи Владо гледа да исцеди до последна дамка се што може да се најде за дил да се направи…
МЈ: Не заборавајте многу е битен потписот…Поинаку се понашаат луѓе без потпис и со потпис
НГ: Така е битен е потписот затоа он полесно му е него, точно…е така
МЈ: Многу му е полесно…
НГ: Тоа е така ама ти не треба да се фрустрираш да се нервираш туку а бараш мислење и од други, многу често и други може да, мислам други правници, експерти да дадат поинакво мислење коешто можеби на прв поглед не им паднало на твоите или на тебе… и на крај краишта и да не биде, да не биде тоа откачување брзо, да не биде тоа откачување како да е тој ситен играч небитен, пошто он после шири негативна енергија, таквите, крупните сегде ги примаат премиери, знаеш уважени гости се…
МЈ: Имааат посебен третман…
НГ: И си чекаат очекуваат дека ќе ги тинтраш поише…ај ние што сме таква Влада што не ги носи по ручеци по вечери уше у канцеларија да им каеш на 5 минути вака е по закон така е по закон он милијардер слуги има дома, авион има сопствен, пилоти го возат, јахти има еден куп, по 10 женски на јахта ќе донесе и сеа ќе дое кај тебе ти за 5 минути ќе му каеш што е по закон хахаха.. ме разбираш ли сеа што сакам да ти кажам?
МЈ: Не, океј ама ептен цело време идат на ептен техничко ниво и со нив зборуваме…
НГ: Да ама техничкото се пренесува таму на нетехничкото…
МЈ: Таму има проблем што некој со…
НГ: Таму доаѓа тој одговорниот за регионот, така ми кажаа…
МЈ: Е па излеа тој младиот е претпоставувам што има…Владо цело време… Владо ги глеа нив
НГ: За нас битно ли е техничко или нетехничко ако ни се заврши работата?
МЈ: Не Владо, им… дека некој им ветува нив дека се што ќе побараат се ќе му се даде, значи надвор од закон и …
НГ: Види Владо си има некоја стратегија, сеа ај за турчинот да зееме, за висококатнициве…
МЈ: Добро…
НГ: Пред 1 недела викаше не бива работава, сеа излезе дека има шанси ќе дојдат утре да му кажете дека има можност. Нели е така? Значи коа подобро ќе се размисли, ќе се видат… па може и да испадне дека нешто може…
МЈ: Добро, Коце и Ивица попуштија. Коце беше хард кор таму. За некои работи треба време да одлегне и не викам дека Владо не е поискусен од мене, искусен е…
НГ: За таа работа поискусен е, пошто тоа го работел, работел со бизнисмени нон стоп и така натаму и тоа не бил он од позиција на сила туку он ги тинтрал се навикнал да ги тинтра бизнисмените, ти не си се навикнал да ги тинтраш, ти си се навикнал тебе да те тинтрат пошто тебе ти доаѓаат овие Кочан мочан такви еден куп као посредна класа, пониска класа бизнисмени и они ти стојат мирно и сеа одеднаш ти треба на овие мирно да им седиш и сеа ја тоа го разбирам ама мора да се корегираме тука…
МЈ: Добро
НГ: Пошто некако као Влада не ни иде работава со крупниве фирми. Со ЕВН си ебавме мајката знаеш тоа, тука не си ти крив сеа зборам као Влада, со аеродромов за влакно, за влакно ја вадиме работава, Со Сончев град да не зброам, висококатниците и не знам сеа уште кои беа не ми текнуваа. Не ни трга, еден голем проект не ни трга. Ја почнав да се прашувам, у енергетика еден не ни трга голем проект… еден, еден! Една Хидроцентрала не сме изградиле, не сме почнале, абер нема! Нешто има и до нас, не се криви другите! Мора нешто и на нас да ни фали, мене, тебе, Чинго, Зоки, нешто ни фали на нас. Треба да се преиспитаме што ни фали. Ајде така…
МЈ: Океј…

3. Разговор помеѓу Влатко Чингоски и Никола Груевски

ВЧ: Ало.
НГ: Ако, како си?
ВЧ: Добар сум. Како сте Вие?
НГ: Добро, добро. Да те прашам…
ВЧ: Кажете.
НГ: Дали е точно дека ти на овие за софтверот си им рекол да дадат уште 350?
ВЧ: Не е точно. Тие дојдоа кај мене со понуда…
НГ: На тој Жарко што вади пиштол, и ако добро разбрав на братот на Горде.
ВЧ: Не, не, не, не. Не, не. Само ги мешаат…
НГ: И тоа директно таму, од тие Чеси ли се, што ли се…ти си барал уште 350, ти лично.
ВЧ: Не, не, не. Значи…
НГ: На овој пиштолџијата и на братот на Горде, ама за ова не сум сигурен второто, уште еднаш треба да препрашам.
ВЧ: Не, не. Значи беше кај мене и тој другиот. Бугаринот беше кај мене, што ми пративте порака преку Ленче. Разговарав јас и со Чехот. Значи тој Бугаринот сега вика, не се 600 кај што треба да завршам работа, туку се 950.
НГ: Мхм.
ВЧ: И се што е од проектот он му бара уште 350 да му земе.и човеков вика јасс нема кај да му дадам упте 350 за таа намена.
НГ: Мхм, мхм. Значи они меѓу нив таму нешто имаат.
ВЧ: Значи јас му вика…ми дојде кај мене он, и ми вика: вака, вака, јас толку имам за давање. Викам да ти кажам право јас имам соодветно ниво, кажано ми е дека е 600 таму. Не вика, немаш ти информација, 950 е. Јави му се сега на Чехот и кажи му 950 да ми префрлаи.
НГ: Мхм, мхм.
ВЧ: Јас вчера му реков: види вака, јас не знам што вие внатре имате меѓусебно. Јас знам за 600. Ако е повеќе…
НГ: И јас знам за 600.
ВЧ: Е. Нека ми се јават луѓето…
НГ: Како беше, 550-600?
ВЧ: Да, така беше. Прво беше 400. И Ви кажав јас, и Вие ми рековте: вака и вака, овие повеќе можат да завршат работа и јас Ви реков, тобро тогаш кажете ми, и Вие ми рековте 600. Добро, и така ја направивме работата.
НГ: Така, така.
ВЧ: И сега овој ми доаѓа и ми вика 950 е. Извини, ама јас знам за 600.
НГ: Океј. Ќе испитам од кај е работата.
ВЧ: Е, значи има некоја линија…
НГ: Кој кого мува тука да видиме.
ВЧ: Да, значи има некоја линија…
НГ: Некој некого мува, сега треба да видиме кој-кого.
ВЧ: Да, да. Некоја линија…
НГ: Ти му се јави на тој таму?
ВЧ: Не, ништо не му се јавив. Му реков: види, јас додека не ми кажат од соодветно ниво дека треба 950, јас не можам да му се јавам на Чехот.
НГ: А да прашам, може и 950 тоа значи?
ВЧ: Тој вика дека толку ветил.
НГ: Аха.
ВЧ: На линијата толку ветил. Е сега која е линијата јас ниту знам, ниту ми е познато. Малку ми изгледа човекот…
НГ: Па добро не ги зборам тие работи, знаеш, не е добро да се зборат.
ВЧ: Да, Ве разбирам.
НГ: Како што ти кога си линијата не спомннувам никаде, така и други кога се линиите не спомнувам никаде.
ВЧ: Да, да.
НГ: Океј, значи така.
ВЧ: Кога ќе се видиме, ќе Ви…
НГ: А баш ме интересира, твоја проценка е ако линијава запне за 950, 950 ќе биде?
ВЧ: Ако линијава запне, ќе мора да биде толку. Ама тогаш ќе треба од некое друго ниво да се земат, нема од каде на друго место. Ќе треба да се прават дополнителни работи и така натака.
НГ: Аха, аха.
ВЧ: Така ми вика мене Чехот, вика јас немам толку…
НГ: Значи не е точно дека ти за тој Жарко и за…дали на Горде брат и, дали добро разбрав, не знам, си барал?
ВЧ: Не, не, не. Јас не барав. Јас само барав дека документ менаџмент системот, ги прашав колку кошта, ми рекоа толку ќе кошта. И тоа оди преку Жарко за документ менаџмент системот за ИМС. И тоа си е понуда. И му викам ако тоа е понуда таква, ти средства треба таму да одат. Он вика не е толку, значи оваа другава линија, од исток, не вика те лажат, не е толку, олку е, другите треба кај мене да дојдат. И јас му викам видете, јас не сакам да навлегувам внатре во вашите односи. Јас знам за 600, и очекувам дека толку ќе се реши.
НГ: А не го разбрав тоа со Жарко, што е тоа значи? Кој на кого таму треба да плати?
ВЧ: Значи, Жарко е задолжен за локалната компонента кај што треба да се воведе документ менаџмент системот. А тој документ менаџмент систем всушност се купува од компанијата каде што работи Горде. И тоа е во тендерска…
НГ:—-
ВЧ: Во тендерскиот пакет е тоа. Внатре е внесено уште при изборот, не е нешто ново.
НГ: Аха.
ВЧ: И сега Жарко вика, сакате сите пари мене да мим ги земете, јас да останам без динар. А не е докажано дека 950 треба да помогне.
НГ: Кој вика, тој Жарко, тоа?
ВЧ: Тој другиот. Да, Жарко тоа вика, ама пред Чехот, заедно со Чехот беа кај мене. Вика овој сега од исток, Стиљан, како се вика, он вика се сака да земе, под наслов дека не се 600, него се 950.
НГ: Демек сака и на Жарко тоа да му го земе, така?
ВЧ: Да, да, да. Сака се да му земе на Жарко и му вика ти нема потреба да бидеш во…
НГ: А по кој основ на Жарко тоа му следува?
ВЧ: Не му следува на Жарко ништо. Затоа што договорот внатре во конзорциумот е Жарко ќе ги тера локалните работи, локализација на македонски јазик и документ менаџмент систем да го имплементира.
НГ: Тоа во документацијата тендерска беше?
ВЧ: Во понудата да, во понудата.
НГ: Во чија понуда, нивната?
ВЧ: Во Чесите, да, чешката понуда. Тие имаат конзорциум од 4 фирми.

4. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле…
МЈ: Молам…
НГ: Јас сум со култура. Зошто си им советувал наместо продажба на земјиште со услови, за да се остапи дел од просторот, да одат на јавно приватно?
МЈ: Не можи претседателе, гледав низ сите закони не можи никако со земјиште бидејќи има таму изградени објекти кои се пишани во имотен лист…значи напраивме целосна анализа…
НГ: Ќе ги срушиме….
МЈ: Амаа… напраивме целосна анализа најдобро е сеа на приватно партнерство…
НГ: Миле, до сеа во државата никој не напраил нешто по тој закон за приватно јавно. Второ како планираш ти офицерски дом да го продаваме?
МЈ: Ама таму е чисто земјиште
НГ: Што?
МЈ: Земјиште е таму само…
НГ: Па и овде е земјиште, ќе го срушиме ова бе!
МЈ: Ако се сруши океј…за чисто земјиште ама како ќе го срушиме? Упишан е имотен лист, сопственик има…
НГ: Театарчиите ќе си ги пребациме во МОБ или во Дом на АРМ…
МЈ: Го глеавме ние таа опција ааа…
НГ: Бараката ќе се сруши и ќе се продаде земјиштето… и во условите ќе пишува дека тој што ќе го купи треба да отстапи толку и толку површина за публика, за сцена, за грамиорни, висина во тој дел толку, во овој волку и да работи согласно идејното решение што е даде…како Градската куќа…
МЈ: Значи ние долго време го анализизрав, значи ја..Бети знај, неколку состаноци имавме, најголем проблем е таму објектот… ако тие го срушат објектот…
НГ: На спикер ќе те уклучам…ајде сеа пробај…
МЈ: Значи, ако го срушат тие објектот а после ја да праам лицитација не ми е проблем, ама ја мсилам дека тоа не е можно, ако имаме чисто земјиште таму за продажба не е проблем зашто таму е објект којшто е пишан во имотен лист… и затоа ја гледавме опцијата јас имам правено цел динамичен план како преку јавно приватно партнерство со рокови со се…
НГ: Како се, колку рок ќе ни треба?
МЈ: За тоа?
НГ: Да
МЈ: Од распишување на тендер едно 4,5 месеци…Значи исто како концесијата е само јавно приватно партнерство е, а никој не го спроведува, јас го разработив тоа баш за овие два проекта…
НГ: За физибилити студија 6 месеци ќе изгубиме…

5. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Ај да си срушиме тоа таму, да си продадеме…
МЈ: Претседателе ако е чисто земјиште не е проблем ама мислам дека култура ќе има проблем да ги сруши објектите претходно зошто идејата беше да…
НГ: Зошто мислиш дека ќе има проблеми?
МЈ: Молам?
НГ: Зошто мислиш дека ќе има проблеми?
МЈ: Зошто можи некој понатаму да праша зошто ги рушат објектите а не… а може да се оттуѓат објектите од тој аспект…
НГ: Миле политички ли ми збориш сеа?
МЈ: Не ако… јас ви кажувам, ако е чисто земјиште, не е политички, ако е чисто земјиште тоа си оди по закон за градежно земјиште, не е проблем…бидејќи има објекти ја мсилев дека е најдобро со јавно приватно партнерство…сите тие услови, идејни проекти, услови, даа…
НГ: Не те разбирам зошто Миле, зошто така мислиш? Пошто коа ќе помине тоа пак ќе треба да се руши…како тој, зградата ќе ја праи врз бараката ли?
МЈ: Зошто претседателе не можи во објавата… ја мислев подобро е да оди со јавно приватно партнерство бидејќи има неколку услови што ќе ги стаам, идејни проекти има, треба да се обврзи партнерот што ќе прави, значи надвор од класично продажба на земјиште но ако, еве ви кажувам ако ги сруши култура објектите ќе одиме по законот за градежно земјиште, не е проблем…
НГ: А кај офицерски дом како ќе го продаеш?
МЈ: Таму е чисто земјиште…
НГ: Па коа ќе го срушиме и ова ќе биде чисто земјиште бе Миле
МЈ: Добро ама сега има објект во… што е упишан во имотен лист ако се срушат не е проблем ќе одиме по закон за градежно земјиште јас ви го кажав тоа…
НГ: Ќе одиме со законот за градежно земјиште и во објавата ќе си пишува и во тендерската документација, треба да се направи во долниот дел театар, толку и толку квадрати, таква и таква висина во различни делови, различна висина…
МЈ: Согласно идејниот проект…
НГ: Согласно идејниот проект којшто ви го даваме во прилог…и луѓето ќе си го видат во прилог, ќе си се пресметаат, ќе си се израчунаат и ќе дадат цена…
МЈ: Добро, ако е така, ако се рамни со земјиште не е проблем океј….
НГ: Најчисто е Миле тоа, приватно јавно партнерство не исправна работа е кај нас
МЈ: Добро претседателе ама јас пак ќе повторам, за објектот значи како транспорт, јас гледав значи јас гледав од аспект на транспорт, ние да го водиме проектот, значи не е проблем јас ќе и помогнам на Бети, проблем ми е објектот ако го исчистат објектот после јас ќе го преземам не е проблем, зошто во законот…
НГ: Колку е висока зградата?
МЈ: Па таму беше една третина да биде…
НГ: Колку е висока зградата?
МЈ: За во Центар? Не ги знам пошто мислам дека… не знам сеа…знам една третина со две третини ги напраивме и Центар и Карпош…
НГ: 90 метра да не напраивме?
МЈ: Не, не, не…тоа беше порано го сменивме од порано…не беше 100% 90…
НГ: 35 вика државниот секретар
МЈ: Не сум сигурен
НГ: Ако е 35 никој нема да ни дојде Ич да не… да не рушиме џабе…Миле зошто вака … го водиш овој програм?
МЈ: Како го водам?
НГ: А?
МЈ: Како?
НГ: Па така го водиш ова, две години три години го збориме никаков напредок нема, сеа дознаваме дека е 35 метри…никој нема да влези со 35 метри пошо 20 метри е театарот
МЈ: Значи плановите.. Не, не, не, ја ви гарантирам она што беше театарот, значи театарот, колку што требаше површини, една третина е театарот, две третини е остатокот од површина, значи ако требало театарот не знам 5 илјади метри квадратни остатокот од површина значи.. аа е 10 илјади метри квадратни за деловен простор, тоа е сигурно…
НГ: Чекај ама сте ја напраиле за станови да се праат не деловен простор? Ама тоа е станови…
МЈ: Не, да ги видам плановите ја милам деловен простор беше не е колективно вдомување…
НГ: Ја знам зборевме за деловен простор ако има станови таму не може сеа…
МЈ: Не, не нема станови знам…
НГ: Се сушат пантолони горе а доле театар ќе играат…

6. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Горанче Савовски

ГС: Ало, ало…
ГЈ: Ало, Еј Горан како си?
ГС: Добро, добро, работиме…
ГЈ: Слушај, абе му вртам на директорот не ми беше достапен, на Мите не ми беше достапен, и на тебе. Абе го барав Горан Трајковски, ми препрати премиерот од кај него една порака, дека наводно таа некоја фирма што ја контролирале УЈП сеа сабајлево у Неготино, Тандем, дека наводно тој соработувал со нас па да не биде како реваншизам, и после Горан ми кажа дека всушност било на барање од кај нас, да се контролира фирмава во рамките на “керозин”… е сеа ја ги неам ти сите податоци, кој соработувал, шо соработувал…
ГС: Во тек, во тек сум министерке со тоа и интервенитав веќе… недоразбирање зашто стварно човекот од таа фирма ни помогна..
ГЈ: Штом ни помогнал…
ГС: Тој човек нема врска со оваа работа…
ГЈ: Да, да, да… он може има нешто друго, мене сеа ми кажува Горан дека му најдовме црвена нафта… мислам сеа сте нашле, повлечете се, паа, ќе му најдеме после 10 месеци , знаеш…
ГС: Не, не, точно е дека има, има за парното и кај кого да влезат дома таа е таква…
ГЈ: Да, де, да, ама не Горан, не е ист тип на прекршување на закон тоа е и ова, така да за тоа те барам, мислам Горан не е крив, ми ја препрати пораката од Љупчо, дефинитивно од кај нас директорот му рекол…ама некако да ја санираме работава…
ГС: Договорен сум со Тони веќе, со… се во тек, ќе го решиме тоа…
ГЈ: Е добро, за тоа те барав…
ГС: Ќе го решиме, ќе го решиме…
ГЈ: Океј, важи, поздрав ајде чао….

7. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Горан Трајковски

ГТ: Повели шефице.
ГЈ: Како си директоре?
ГТ: Еве чекам на видео врска.
ГЈ: А на видео врска, ја пошо сеа излегов од салава и се вртам да не те видам негде. Горан…штом така кажале, така и ќе биде. Абе знаеш што те побарав…
ГТ: Кажи…
ГЈ: Ми препрати шефот една порака, некој на него му се обратил, сте имале контрола во некоја неготинска фирма ’’ТАНДЕМ’’
ГТ: Да, сега се во моментов таму.
ГЈ: Е, тој човекот ни помагал за другава работа.
ГТ: Добро
ГЈ И сега шефот вика, можеби има нешто, знаеш?
ГТ: Па мене Радникот ми ја даде оваа…а значи детали не знам, мене Радникот ми прати у средата порака, тоа е некој бивши што бил во обезбедување….
ГЈ: Аха
ГТ Па нешто испомешано е ако сакаш за подетално да ти ја препратам пораката…
ГЈ: Не, не ми ја праќај, значи што е од шефот сугестијата, може некој бивши што бил во обезбедување сите тие работи, и да е некако поврзан, ама шефот предлага да не се добие впечаток дека сеа некој локално го мести тој…сеа ја не знам чива е… вика, да не му правиме контрола, ќе се додоговориме ние, мислам јас ќе му спомнам и после коа ќе се симне, не е симнат на Влада дека е таква работава, па после некое време ти прати му од друг град, аа очигледно шефот не знае дека ти е од таму дадено…
ГТ: Да
ГЈ: Ја знаеш сеа оти ти… коа ќе влезе контролава, ако констатира ова она, после не можеш да ја извлечеш од таму
ГТ: Е па тоа е… оти ние сега сабајлево коа влегле имавме со Тони од финансов, куќа е не е куќа, судски налог не е така, а МВР ме покрива преку Велес оти у Неготино имало релации со не знам, началник на УБК и така натака…
ГЈ: Така, така…
ГТ: И сега во моментов има 5 ипол тона црвена нафта пронајдено во еден од резервоарите…
ГЈ: Мхм…
ГТ: Зборев со главнава инспекторка вика кој ќе запечатува вика, оти метерологија ќе мерат вика, измериле они на џутуре 5 ипол тона….
ГЈ: А некако ти да искомуницираш ти со шефот директно или јас да го побарам.
ГТ: Ти кажи му бе Горде, нема никаков проблем.
ГЈ: Оти ја ако се симне на Влада одма ќе му кажам.
ГТ: Во моментов не е запечатено… ја упатив на пазарна, ја сеа може да стопирам…
ГЈ: Малку, малку олабајте ја работава за да му кажам што е….
ГТ: Важи
ГЈ: А после.. . мислам јас, штом се симне он, ќе станам ќе му кажам, за да не му упаѓам во канцеларија
ГТ: Важи
ГЈ: Па да видиме како да ја изменаџираме
ГТ: Важи
ГЈ: Оти можно, мислам не можно, према кажувањево и тој не е чист шо го кажуваш…
ГТ: Е па сеа тоа е, еби му мајката.
ГЈ: Ама ако помагал, ако бил у релација, сеа да не ја заглавиме до крај. Значи мене, сеа јас ти кажувам најотворено од таму ми е… а не знам него кој… Ај да се искординираме па…
ГТ: Ок, еве јас ќе ги успорам.
ГЈ: Ти успори ги за да можеме и вака и така да ја вртиме работата во текот на денов. Пушти ги на ручек.
ГТ: Истото да му се каже и на Чавков оти 3-4 институции сме, малку да ја стопираме.
ГЈ: Да де, да.
ГТ: Ајде ќе го направам тоа.
ГЈ: Ок, ајде поздрав, чао.

8. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Горан Трајковски

ГЈ: Ало
ГТ: Шефице…
ГЈ: Е кажи… само да за твое инфо, сеа овие бидејќи сите се повлекле сеа овој газдава шо е на тоа Тандем се јавуе на…. во Кавадарци и вика ми нема 1.600 евра ги чував кај цистерната, сега ја врти топката, сеа жртва ќе се праи…

9. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

ГЈ: Да.
НГ: Горде, здраво, како си?
ГЈ: Здраво. Добро, еве.
НГ: Не знам, веројатно си добро запознаена со писмото што ти е од Агенција за воздушна пловидба, во врска со Маја.
ГЈ: Го видов претседателе. Што да Ви кажам!?
НГ: Јас се занимавам со тоа три дена. И еден куп саати и состаноци имам одложено да ја смирам и конечно вечерва…
ГЈ: Аха…
НГ: Ха, ха…постигната е…
ГЈ:…согласност постигнавте…
НГ: Ха, ха,…договор за мир. Ха, ха. Договор за мир е постигнат. Е сега има уште едно деталче што кај тебе ни е битно. Некако оргиналот од архива да го снема, кај тебе да биде.
ГЈ: Кај мене е во фиока оргиналот од архива.
НГ: Оргиналот…нема дупликат на оргиналот?
ГЈ: Јас да Ви кажам оргиналот тој што е со потпис, печат е кај мене. И го тргнав на страна, ни у архива да иде, ни никаде.
НГ: Аха.
ГЈ: Ама главниот проблем е што е пратено преку главна архива. И сега од главна архива дур стигне до кабинет, мислам тоа е процедура. Човек не може со 100% сигурност да каже дека некој не направил копија. Иначе оргиналот е кај мене.
НГ: У главна архива сега нема оргинал, така?
ГЈ: Не, не. Оргинал нема, кај мене е оргиналот. На биро…
НГ: Е сега вака, пошто начелно се согласија и двете страни…ти не знаеш како беше…едниот сака оваа да ја смени, она сака него да го смени. И не е свесна дека тоа на неа ќе и направи голем скандал.
ГЈ: Што да Ви кажам, ја…
НГ: И викам Маја ти и да го смениш-губиш. Губи и Ѓорѓи, губам и ја…
ГЈ: Да де да.
НГ: Он ќе искочи жртва, ти ќе искочиш диктатор. И што сме направиле?

10. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

НГ: Вчера бев три саати кај Ѓорѓи дома. А денеска саат време и поише со Дејан по телефон.
ГЈ: Што да Ви кажам јас…
НГ: Оти до вчера Дејан беше тврд.
ГЈ: Ја кога го видов писмото
НГ: Не, вика вака, јас не сум знаел дека ќе имам директор над директорот, ми вика. Ако е така, еве сменете ме мене, она нека дојде.
ГЈ: Да де да, мислам…
НГ: Или она кого сака нека стави. Знаеш, човекот вака тврдо застана едно време.
ГЈ: Јас па да Ви кажам, нели мислам Дејан ко никој друг сме го збореле меѓу нас, викам човекот толку нормален беше, толку со ќејф…што баксуз ќе бевме, за никого толку не сме се мислеле ко за Дејан.
НГ: Да.
ГЈ: Мислам знаете Вие колку…
НГ: Да де да.
ГЈ: И саати, и ноќи сме потрошиле. А бе викам до толку да ја утнавме, да му се сневиди. Друг пат нели на брзинка ќе донесеш некоја одлука, и викаш океј, тоа е ризикот. Ама овдека толку меревме, викам до толку да ја утнавме. Ја нејќам да Ве замарам, иначе, јас жива се изедов со оваа ситуација. Кога стигна писнмото, мислам нормално ќе го видиш документ, го архивираш. Викам: остај го ова кај мене у фиока, и само се молам на Господ некој да не го ископирал.
НГ: Не, сега се договоривме и да го ископирал, ако искочи фотокопија, ќе кажат они двајцата не е тоа точно. Нити сум пратил, она ќе рече: нити сум примила.
ГЈ: Да де да.
НГ: Некој измислил.
ГЈ: Да де да.
НГ: Ако е точно нека даде оргинал, а нема оргинал.
ГЈ: Нема оргинал. Кај мене е оргиналот у фиока. Мислам, јас одма…
НГ: И дека многу се почитуваат, и добро соработуваат. Ха, ха, ха.
ГЈ: Ха, ха, ха. Ако треба и заедничка изјава ќе дадат.
НГ: Да, да. Ха, ха, ха.
ГЈ: Ха, ха. Јас кога ја видов содржината, викам ова надвор од сите процедури е, управен инспекторат, све тоа што буткаме, викам, ама има да седи кај мене у фиока. Кога го видов, што да Ви кажам. Некогаш во порелаксирана атмосфера ќе Ви го покажам. Мислам да не зборам…
НГ: Не, јас го читав писмото, знам што е стигнато.
ГЈ: Ха, ха. А, го видовте.
НГ: Да. Го видов.
ГЈ: Со прилог, он што и пратил на неа писмо.
НГ: Да, да. Ха, ха, ха. Е тоа го читав, тоа.
ГЈ: Оти две се, не е едно. Едно е од него до мене, кај што објаснува се што треба. И плус ми праќа во прилог, вика еве го писмото на неа што и пратив. Мислам крај, вака.
НГ: Значи добро си запознаена.
ГЈ: Да. Да, да. Викам што мора ја да знам што си и пратил на неа. Ха, ха, ха. Мислам, јас знам, ама што има потреба од документи. Мислам, на крајот од краиштата тоа е интерна комуникација, што има ние да знаеме што се допишуваат. Ама налет нека е. Иначе кај мене е писмото, така да у тој дел да знаете…
НГ: Океј, чувај го у некој сеф таму.