НОЌ НА ДОЛГИТЕ НОЖЕВИ ВО ВМРО ДПМНЕ: Исклучени од партијата Сашо Мијалков, Митко Јанчев, Петар Богојески, Костадин Богданов и Никола Тодоров!!!

0
2894

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, се разрешуваат од партиските функции, а за екс министерот за здравство Никола Тодоров и за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков се поведува постапка за исклучување од партијата, одлучи Централниот комитет на вечерашната седница.

– Заради дејствување спротивно на интересите на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија, заради силна соработка со Зоран Заев и организирање на група за притисоци, уцени, закани и поткуп на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за да гласаат за уставните измени, Централниот комитет го разреши Митко Јанчев согласно статутот на партијата. Тоа го направи со тајно гласање на која сите едногласно одлучија дека истиот треба да е разрешен. Го разреши и Констатин Богданов – изјави потпретседателот на партијата, Александар Николовски.

Заради истите причини Централниот комитет побарал од матичните општински комисии да почнат постапка и за отстранување од партијата на Мијалков и Тодоров.

– Сакаме да ја честитаме новата криминална коалиција: Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков – рече Николовски.

Дали одлуките од вечерва значат чистка на неистомислениците од партијата, Николовски негираше. Ако, како што рече тој, се организирала група која им се заканувала на пратениците ека вечно ќе останат во затвор, дека физички ќе бидат нападнат и дека ако гласаат нема да одговараат во судските процеси, тогаш не станува збор за неистомисленици.

За ваквите наводи, потпретседателот на партијата побара да истражи јавното обвинителство.

Најавувајќи ги овие исклучувања, окфалификувајќи ја вечерашната седница како историска, Николовски рече дека ВМРО-ДПМНЕ има силен механизам кој успева да ја прочисти партијата, да го исчисти она што е лошо и да се врати на идеалите и корените на партијата.

– Вечерва имавме седница на длабока анализа, на внатрешно расчистување и продлабочување. Од денес ништи нема да е исто. ВМРО-ДПМНЕ завршуа со хипотеките од минатото, доживува своја катарза и продолжува напред силно и реформирано – изјави тој.

Николовски во име на ЦК побара пратениците кои гласаа „за“ отворање на уставот да го вратат мандатот затоа што работат спротивно на волјата на граѓаните и на партијата.

Повеќе од вечерашната седница на Централниот комитет на партијата: