(ВИДЕО) Кирацовски: Сите пратеници да се вклучат во процесот на помирување и обединување, заедно да ги спроведеме реформите за ЕУ и НАТО

0
1146

Прес конференција,
Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ и пратеник
Скопје, 22.10.2018

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Уште еднаш сакаме да ја поздравиме историската одлука на Собранието на Република Македонија со која ја реализираше мнозинската волја на граѓаните за иднина во ЕУ и НАТО и да ги повикаме сите пратеници да се приклучат на процесот што следи.

Со гласот на 80 пратеници за отпочнување на уставните измени е глас за остварување на децениските стратешки интереси, но и глас против поделбите, против изолацијата и неизвесноста.

Сега, Македонија е уште поблиску до процесот кон ЕУ и НАТО.

Создадени се услови за уште поголема поддршка во Собранието за патот по кој тргна Македонија а тоа е спроведување на реформите и членство во НАТО и ЕУ.

Ги повикувам сите пратеници во Собранието на Република Македонија, особено оние кои не гласаа во првата фаза од уставните измени активно да се вклучат во процесот на дефинирање на нацрт амандманите со единствена цел, заедно да дојдеме до национално решение, до прифатливо решение кое ќе биде од национален интерес на Република Македонија, и нејзините граѓани.

Почитувани пратеници,

Ајде заедно да ги поддржиме процесите за целосна имплементација на Договорот од Преспа и заеднички да дадеме поддршка на сите неопходни реформи, да дадеме поддршка на помирувањето и обединување.

Приклучете се, историјата ќе не вреднува, обезбедуваме иднината за државата, идните генерации ќе бидат горди на сите нас.

Сега е моментот со конкретни примери да допринесеме за суштинско помирување и обединување кое ќе тргне од овде, од Собранието. Но, ќе влијае и на сите сегменти на општеството и ќе остави позитивен исход секаде.

Како избраници на граѓаните, сите заедно да ја исполниме обврската, да го продолжиме процесот на реформи што обезбедува развој, интеграција, независни институции и повисок животен стандард.

Верувам дека поддршката за уставните измени и Договорот од Преспа ќе расте и дека сите пратеници ќе се приклучат на процесот што обезбедува европска иднина.

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски по сопствен избор реши да остане изолирано. Но пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да ги надминат поразените политики на Мицкоски и да дадат шанса на процесите.

Христијан Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора да се откажат од деструктивното делување кое што оди директно на штета на државата.

Македонија се помирува. Овие историски моменти повикуваат на надпартиско обединување за иднината.

80 пратеници презедоа одговорност и направија неповратен историски исчекор за иднината на земјата. Време е сите пратеници да го следат тој чекор.