КОЛЕВА : ДПМНЕ ЛАЖЕ, ДА БЕА ЧЕСНИ НЕМА ДА СОЗДАВААТ ПАНИКА И ХИСТЕРИЈА КАЈ ГРАЃАНИТЕ

0
382
СДСМ го решава проблемот и затоа денес излезе со конкретен закон и конкретно решение за личните документи за граѓаните. Граѓаните треба да бидат спокојни, затоа што ние имаме предлог закон со кој ќе го решиме проблемот и не треба да се грижат. СДСМ носи одговорност кон граѓаните, за разлика од ДПМНЕ кои се главни креатори на проблемите и лагите.
„ ДПМНЕ лажат сите овие години и мислат дека некој ќе им верува, посебно пак сега. Последно што направија, е, дадоа предлози за технички министри кој што не знаат што зборуваат. На емисија кажуваат дека ќе важат патните исправи, а потоа, да даваат соопштенија во недела, во кој кажуваат дека не важат. Знаат ли министрите на ДПМНЕ што е официјална изјава и што треба да кажат или намерно креираат паника меѓу граѓаните“, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Колева
Граѓаните треба да бидат спокојни затоа што СДСМ со предлог закон ќе го реши проблемот со документите за лична идентификација.
Колева потенцираше дека ДПМНЕ се грижи за граѓаните, само од говорница и само кога се во опозиција. Кога се на власт, или местат избори, или крадат и лажат и прават се најлошо што може да се направи.
-Пустош направија 11 години во државата. И ниту еден проблем не решија. На телевизија на вестите се им беше позитивно, се сликаа со лопата на најмали проекти, ама во позадина, во бомбите се изнаслушавме што се не направиле. ДПМНЕ освен што освен што блокираа клучни закони, манипулираат и лажат. Постојано шират паника, дека ќе имало бугаризација, дека ќе имало рестрикции за струја, ќе немало храна. Се тоа се лаги и манипулацијата на ДПМНЕ. Ако се искрени и чесни , нема да создаваа паника и хистерија. Но, тие создаваа паника во ковид- пандемија, а не пак сега, кога голем дел од работите се регулирани“, рече Колева