Хрватскиот премиер не може да ја потврди смртта на Салопек

0
1260

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денеска изјави дека не може со 100 отсто сигурност да ја потврди смртта на хрватскиот заложник, за кој милитантите на Исламската држава тврдат дека му ја отсекле главата. Тој рече дека е можно потврдата да дојде по неколку дена.

zoran_milanovic-540x354

Во телевизиско обраќање до нацијата, Милановиќ ги повика луѓето да не ја споделуваат на интернет хорор сликата со обезглавеното тело. Милитантите на Исламската држава денеска излегоа со тврдење дека го убиле Томислав Салопек, објавувајќи на Твитер наводни фотографии од неговото тело. Салопек бил вработен во француска геолошка фирма, кога во јули од автомобил бил киднапиран во западниот дел на Каиро. Минатата недела неговите киднапери издадоа рок од 48 часа, заканувајќи се дека ќе го убијат доколку египетските власти не ги ослободат сите муслимански жени од затворите.