Јованович : Батиња, Заев е нешто најдоброто што и се случило на земјава, а до Бранковистите што не посрамотија, ги поразивме еднаш и повторно ќе ги поразиме

0
891
Не сум ви кажал за бранковци и овие од “третиот пат”, тие де, од “неврзаните”, а не сум ви кажал и за сите оние кои ме напаѓаат. Сите, без исклучок.

Се работи за луѓе кои имаат проблематично минато, фатени се со Груевски, фатени се дека имаат двојни пасоши, фатени се дека ниту се чувствуваат како македонци, ако сакате, фатени се дека ниту оваа земја ги интересира, ниту на неа гледаат како на своја. Тоа ви се луѓе “од мочка” напраени, како да ви кажам поинаку.

Заев собра сила, околу себе собра “еден од најдобрите можни светови”, и си рече, да ми верувате што ви велам: “сите ќе ги победиме”, и во најголем број случаи се’ реши. Сите ги победи, и допрва се’ ќе победи.

Заев ја сака оваа земја. Не сака да ја владее, сака да ја менува; Заев сака ние да се менуваме на подобро. Тоа Заев сака. Не му треба власт. Ако сакаше власт, ќе играше политика како сите досегашни неспособни влади. Од шупље во празно. Во константна “лимбо позиција”. Таа позиција е најштетна: не се движиш, стоиш, и само се раскапуваш внатре.

Се’ што се мислело дека е национален интерес, се’ било ветар и магла. Идејата им била да владеат и да се наполнат со пари. А од нас да претворат лоши и сиромашни луѓе.

Е, оваа власт е обратна од сите до сега. Во име на целите на државата, гледате дека спремно се коцка со својот рејтинг, и затоа за неа велиме дека тоа е добра власт. Одлучно решава проблеми, а тоа луѓето го гледаат и затоа го одобруваат. И договорот со Бугарите, на ист принцип како со Преспа, ќе го поддржат. Мнозинскиот народ на оваа земја, а богами и оној “немнозински”, сака ние да сме во пријателски односи со сите соседи. Длабоко сум убеден во тоа.

А оние другите, крвните противници на Заев, да ми верувате на збор, врска немаат што сакаат. Малку сакаат да владеат, а многу сакаат да се шетаат во други метрополи, и од тамо да велат “колку сме ние глупави”, да велат “колку сме тоа ние багра” или колку сме ние стока итн.

Зоран, батиња, е најдоброто нешто, да ми верувате на збор. Мила е најдоброто нешто, Љупчо е најдоброто нешто, Бојан е најдоброто нешто, Никола Димитров е најдоброто нешто, Филипче е најдоброто нешто… И уште многу, многу други луѓе на централно и на локално ниво.

Со што овие луѓе нас не посрамиле? Со што не испљачкале, ни се заканувале, не малтретирале… Со што овие луѓе ја посрамотија земјата? Со тоа што ни решија и ни ги решаваат сите проблеми наталожени последниве 30-тина години?
Ако тоа е некој срам, барам и јас да бидам во списокот на предавници за отстрел, што парадоксално и интуитивно, верувам дека веќе на големо сум попишан во таквиот список.

Ќе не’ биде, знам, оти сме попаметни, оти сме поумни, оти сме побрзи и оти се држиме заедно.

Ги победивме еднаш, секогаш ќе ги победуваме. Силно верувам во тоа!
Фејсбук статус на Ненад Јованович.