КОВАЧКИ : СКАНДАЛОТ ВО СОБРАНИЕ СО ФРЛАЊЕ НА ЛИСТОВИТЕ СО АМАНДМАНИ Е РЕЖИРАН ОД ТАЛАТ ЏАФЕРИ И ДИМИТАР АПАСИЕВ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ ДЕФОКУС ОД ДВОЈНИ ИЗБОРИ

0
338

Случајот во Собрание во кој пратениците од Левица, Борис Крмов и Димитар Апасиев ги фрлаа листовите на кои беа напишани мандатите е дефокус и сценарио режирано од Талат Џафери и Димитар Апасиев,  рече Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Според него ваков настан кога во процес е донесување на нов деловник, кога стариот беше погазуван од Џафери и пратениците од СДСМ, а новиот е препорака од меѓународната заедница очигледно е дека се сака да се направи дефокус од денешната тема избори. Ковачки посочи дека настанот беше да се дефокусира денешната изјава на Димитар Ковачевски за тоа изборите и парламентарни и претседателски се одржат заедно, односно тема да биде скандалот.

„Кога доаѓа на дневен ред деловникот од околу 1.500 амандмани им прифаќа помалку од триесеттина, а другите ги повлекуваат. Сега во меѓувреме кога Ковачевски вели двојни избори  доаѓаат од левица нови 2000 амандмани и ова му одговара и на Талат Џафери и на Левица. Имаше и хулигански испади, ама  факт е дека и двете страни сакаат да зајакнат кај членството и прават вакви работи“, рече Ковачки.

Пратеникот укажа дека Апасиев размислува само како да нанесе штета на опозицијата и да го разбие членството.

„Апасиев го штити Ковачевски за да не се зборува за избори тој прави скандал“, рече Ковачки.

Ковачки се осврна и на темата за ускратување на слободата на изразување укажувајќи на пресудата за пратеникот Бране Петрушевски за искажан збор од судница.„Секој пратеник го влече легитимитет од законите и Уставот. Преседан е пресудата за Петрушевски“, заклучи Ковачки.