СДСМ: Ништо нема да го спаси Никола Груевски од одговорност

0
1516

„Пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ, платена со пари на граѓаните, преку медиумските курири попусто се обидува да ја сокрие вистината.

Лагите на медиумските курири нема да му помогнат на Никола Груевски.

Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија. Или Груевски или Македонија.

СДСМ е столбот на слободна и демократска Македонија.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата.

Сите граѓани на Македонија заедно се носителите на промените за подобра и сигурна иднина.

Затоа медиумските курири не пренесуваат ниту една вест од секојдневните протести за враќање на правдата, слободата и демократијата. Се плашат од вистината дека Македонија е на нозе против Никола Груевски и криминалната банда.

Граѓаните знаат дека Македонија се наоѓа во криза само за Никола Груевски да не оди во затвор.

Уште еднаш се потврди дека во медимскиот мрак на Никола Груевски, платен со пари на граѓаните, нема место за вистината.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се трите главни провладини мегафони, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа овие медиуми го бранат криминалoт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Најновиот извештај на релевантната меѓународна организација, Фридом Хаус, потврди дека од целиот регион само Република Македонија е неслободна земја.

На Македонија и се неопходни демократски промени коишто ќе се случат на слободни, фер и регуларни избори, со прочистен избирачки список, реформи во медиумите и одвојување на партијата од државата“, соопштуваат од СДСМ.