СКОПЈЕ ПОЛЕКА НО СИГУРНО СТАНУВА ЕДНА ОГРОМНА КАРИКАТУРА – АРСОВСКА ГИ РЕШИ ЗЕМЈЕНИТЕ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК СО АСФАЛТ ,,ЗА ДА НЕ СЕ КРЕВАЛО ПРАШИНА” , СЕГА СКОПЈАНИ КОГА ЌЕ ДОСТИГНАТ ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СЕ ПЕЧАТ НА 70 СТЕПЕНИ ВО ПАРКОТ

0
856
Денешниот потег на градоначалничката Арсовска, асвалтирањето на земјените патеки во Градскиот парк наиде на критики и подсмев на нејзина сметка за нарушување на автентичноста на паркот. Од кабинетот на градоначалничката за СДК изјавиле дека не сметаат дека е несоодвенто асфлатирањето на земјените патеки. Велат дека тоа го прават по барање на граѓани оти имале многу поплаки за немање услови за движење на колички, точаци и се кревало многу прашина.
„Асфалтирањето се врши од практични причини. Голем број поплаки доаѓаа од граѓани до Секторот за уредување. Бидејќи станува збор за земјени патеки се собира вода, кал, а од ризлата се крева прашина и се разнесува на сите страни. Мајки се жалеа дека до детското игралиште не можат да пристапат со количка. Се асфалтира само оној дел што е потребно, не е цела површина и максимално се внимава на зеленилото. Паркот во кој патеките со години стоеа искршени, по реконструкцијата ќе биде преубав“, одговориле од кабинетот на Арсовска.
Непрецизирале зошто не употребиле посоодветни материјали, а не асфалт, но додале само декане е одлучено „туку-така, односно одлуката е од стручни лица во Градот.“