СО СПОКОЈСТВО ПРОТИВ ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА, СПАСОВСКИ: ПОРАДИ УСПЕШНАТА РАБОТА НА МВР, НА МИЈАЛКОВ МУ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ГОДИНИТЕ ВО ЗАТВОР

0
188

“Ми поднесувате интерпелација за Сашо Мијалков, а нему постојано му се зголемуваат годините што треба да ги одлежи во затвор” – им рече Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи од говорницата во Собранието на пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Опозициската коалиција, односно нивните лидерите Зијадин Села и Африм Гаши, поднесоа интерпелација за министерот која денес беше на дневен ред во Собранието за скандалот со бегството и појавувањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, пред пресудата за Таргет-Тврдина.

“Само за граѓаните да кажам дека многу спокоен дојдов на оваа интерпелација, затоа што знам со што дебатирам и со кого. Ова е многу чудна интерпелација бидејќи е поднесена за успех. Сашо Мијалков против кој сите ние се боревме, сега е во затвор, таму му е местото и на него и на голем број криминалци кои бескрупулазно крадеа. Истиот тој Мијалков на кој се плашевте името да му го споменете, сега се зголемува бројот на години кои треба да ги одлежи. Токму заради тоа сметам дека ова е уште еден приказ на изместениот систем на вредности. Го апсиме секој еден кој не ги почитува законите, граѓанинот и оној кој не го почитува начинот на кој се трошат народните пари. Дали е проблем тоа од една институција со разнишана доверба да станеме една од институциите со најголема доверба? Погледнето го она што го кажуваат ОБСЕ и ГРЕКО. Оваа година имаме 63% доверба во полицијата” – рече Спасовски од собраниската говорница во своето обраќање пред пратениците.