КОВАЧКИ ПРОДОЛЖУВА СО ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ : КОНЦЕРТ НА ЛЕПА БРЕНА ОД СОФИЈА СЕ ОБИДЕ ДА ГО ПРЕТСТАВИ КАКО САЛАТА БОРИС ТРАЈКОВСКИ ВО СКОПЈЕ

0
289

Поставените столчиња и маси за концертот тој се обиде да ги претстави како уредувањето на салата Борис Трајковски, каде идната недела ќе се одржи самитот на ОБСЕ на кој ќе присуствуваат повеќе од илјада учесници од 70 странски делегации.

Обидот за дискредитација на министерскиот самит на ОБСЕ за време на претседавањето на Северна Македонија со организацијата од страна на Ковачки само покажува дека ВМРО-ДПМНЕ повторно застанува против државата и стратешките интереси.

Ова не е прв пат Ковачки, кој ја напушти Армијата за да биде пратеник, споделува лажни вести во обид да креира револт и освои ситни политички поени. Претходно тој објави дека во Косово биле уапсени припадници на военото разузнавање, вест која што сите служби ја демантираа.