КОЛКУ ВО СКОПЈЕ ШТО ИМА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ, ТОЛКУ ДПМНЕ И ПЕНЗИИТЕ ЌЕ ГИ КАЧИ, ВЕЛАТ ОД СДСМ

0
299

„ДПМНЕ во изминатите 2 години покажа како ја практикува власта во Град Скопје и во 40-тина општини низ државата, со нула резултати и бесконечни листи нереализирани ветувања. Јавноста одамна ги прочита нивните лаги.

Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи. Со СДСМ пензиите ќе продолжат да растат, а со новата методологија ќе се усогласуваат на секои шест месеци врз основа на растот на трошоците за живот и на просечната плата.

СДСМ ја зголеми просечната пензија за 40 отсто. Во време на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната пензија изнесувала 13.754 денари, додека во март 2023 година просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари. Во времето на ДПМНЕ минималната пензија беше 9.000 денари, денес е 13.200 денари. Разликата е јасна и очигледна“ порачаа од владејачката партија.