СЈО СЕ ИСПЛАТЕШЕ, ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ДАДЕ РЕЗУЛТАТИ : ДРЖАВАТА ДОБИ ТАПИЈА ЗА ТАЈНИОТ ИМОТ НА ГРУЕВСКИ

0
1195
Тајниот имот на екс премиерот Никола Груевски, вреден околу три милиони евра, а кој му беше конфискуван во ,,Плацеви на Водно”, во следниот период ќе добие нов сопственик.

Во моментот го поседува државата, односно завршено е префрлањето на сопственоста, но откако ќе се направи и проценката на вредноста, Агенцијата за управување со одземен имот ќе го огласи за продажба, по што ќе почне наддавањето за луксузните станови и плацеви на Водно. Парите, пак, треба да се слеат во државната каса.

Па така, од само декларираниот бескуќник, поранешниот премиер и се уште актуелен бегалец, државата ќе продаде три луксузни стана на Водно, две атрактивни земјишта на Водно, како и два плаца во викенд населба во Крушево.


На продажба ќе одат и двата стана на улицата Бихаќка, кои екс премиерот ги користеше како канцеларија и библиотека, а во негова сопственост останува дуплексот на истата адреса.Од Агенцијата за управување со одземен имот ни одговорија дека пресудата за овој случај ја добиле лани во август, по што почнала постапката за запишување на имотот во сопственост на државата.

-ПОСТАПУВАЈЌИ ПО ПРЕСУДАТА АГЕНЦИЈАТА СПРОВЕДЕ КОНФИСКАЦИЈА НА НЕДВИЖЕН ИМОТ СО ИЗГОТВУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕНОС НА СОПСТВЕНОСТА И ИСТИТЕ ГИ ИСПРАТИ ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ ЗА НИВНО ПОНАТАМОШНО ПОСТАПУВАЊЕ, НИ ОДГОВОРИЈА ОД АГЕНЦИЈАТА.