КОВАЧКИ : ПЕНДАРОВСКИ Е ДОЛЖЕН ДА ОДГОВОРИ НА ГРАЃАНИТЕ ДАЛИ ГО ПРИФАЌА УЛТИМАТУМОТ НА ДУИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ ДА СЕ БИРА ВО СОБРАНИЕТО?

0
49

Прес-конференција на Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3

Почитувани,
 

Изјавата во очај на Стево Пендаровски дека ќе загубел во првиот круг на претседателските, меѓутоа дека ќе победел во вториот круг е само алиби за големиот пораз кој му претстои. Вчерашната изјава на Артан Груби дека поддршка односно услов за поддршка и добивање на гласовите на ДУИ за претседател во вториот круг е избор на претседател на држава во Собрание, не е ништо друго освен ултиматум.

Стево Пендаровски е должен да одговори на македонската јавност дали го прифаќа овој ултиматум на ДУИ? СДС и Пендаровски се должни да одговорат дали ќе ја погазат волјата на граѓаните, дали ќе дозволат да се избере претседател на држава во Собранието? Очекуваме одговори.