СРЕДБА НА МИНИСТЕРКАТА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ЈОВАНА ТРЕНЧЕВСКА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЗАНАЕТЧИСКАТА КОМОРА

0
789

Министеркатa за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Занаетчиската комора. На средбата, информираа за предизвиците со кои се соочуваат со новото законско решение недела неработен ден и потребата од работа во недела на фризерите, козметичарите, и одредени пекарски и слаткарски производители. Според нив со работа во недела на одредени занаетчиски дејности,  ќе се овозможи да се заштитат и интересите на занаетчиите  и на државата од  сивата економија.

Министерката Тренчевска посочи дека министерството ќе го разгледа предлогот на Занаетчиската комора.

„Законското решение недела да биде неработен ден се имплементира само месец и половина. Очекувам праксата да покаже какви се ефектите. Како Влада и како министерство ќе направиме дополнителни анализи за да утврдиме дали е постигната целта 92% од работниците да не работат во недела, а оние 8% кои работат во техничко – технолошкиот процес кој не може да се прекине во недела да добиваат 50% повисока дневница“, рече Тренчевска.

Законското решение недела неработен ден започна да се имплементира од почетокот на годинава.