ПОРТАЛОТ ФАКТОР.МК ШИРИ ЦРНА ПРОПАГАНДА И ЛАЖНИ ВЕСТИ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЏО БАЈДЕН

0
1160

Порталот Фактор.мк без да го провери видеото пишува лаги за претседателот Бајден:

Американскиот претседател Џо Бајден уште еднаш направи гаф, но овојпат изгледаше како воопшто да не знае што прави. Веднаш по завршувањето на говорот во Северна Каролина со поздравот „Бог да ве благослови сите“, на видеото се гледа како Бајден се врти надесно и навидум кажува нешто на празниот простор зад него и потоа се ракува, но на бината нема никој друг.

Откако сфатил дека нема со кого да се ракува, Бајден застанува, погледнува наоколу за момент, а потоа ја напушта бината.

Но ако се види подобро видеото ќе се види дека Бајден гестикулира кон присутните на бината, не се ракува со никого ниту пак има намера да се ракува со некого.