Руските медиуми за ставот на Груевски за Турски тек

0
1005

Руски интернет сајтови го анализираат менувањето на ставот на премиерот Никола Груевски дали Македонија треба или не да се приклучи на проектот Турски тек.

ruski mm

Изјавата на премиерот Никола Груевски дека Македонија ќе го поддржи Турски доколку се договорат ЕУ и Русија, го девалвира клучниот аргумент на Москва дека западот во таа земја провоцира обоена револуција, јавува денеска рускиот сајт Комерсант онлајн.

Во текстот притоа се наведува дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на посетата на Белград само што директно не го обвинил Западот дека подготвува обоена револуција во Македонија и дека подоцна изјави оти случувањата во Македонија се оркестрирани однадвор.

Груевски, како што наведува сајтот ја условил согласноста за Руски тек од ставот на ЕУ. Тој ја изнесе и надворешната ориентација на Македонија дека целта на земјата се евроатланските интеграции и при донесувањето на стратешките одлуки се раководи според тоа, пишува Комерсант.

Според сајтот, од тоа може да се извадат два заклучоци.

За Москва и не е логично да го зацврсти Груевски како еден проруски ориентиран политичар ина тоа да ја гради својата балканска политика.

Првиот е дека сегашното раководство на Македонија не е подготвено да се конфронтира со Брисел поради посебните односи со Москва.

Вториот заклучок е дека за Москва и не е логично да го зацврсти Груевски како еден проруски ориентиран политичар и да на тоа ја гради својата балканска политика, оценува Комерсант онлајн.

Интернет изданието Взгњад(Поглед) оценува дека Груевски кој најпрвин го поддржа Турски тек, а потоа говори за неопходноста од усогласеност со ЕУ, прави отстапки за Брисел и се однесува како поранешниот украински претседател Виктор Јануковиќ кој на крајот загуби се.

Експертот за балкански земји, историчарот Јелена Гускова за медиумот изјавила дека Груевски не ја променил потполно точката на гледање за Турски тек, но оти е принуден да ги слуша оние кои врз него вршат притисок. Според неа, ситуацијата во Македонија е толку сложена што Груевски, пред се, мора да размислува за нормализација на односите со опозицијата и Албанците.

„Премиерот се согласува дека тоа е корисен проект за Македонија, но тоа прашање изгледа отиде во втор план по одржаните преговори со ЕУ. Сега е во прашање стабилноста и постоењето на Македонија“, вели Гускова.

извор Радио Слободна Европа