КОВАЧКИ : ЗАНЕМАРУВАЊЕТО НА ВОЗИЛОТО Е КАРДИНАЛНА ГРЕШКА И ПРОПУСТ НА МВР КОИ ДОВЕДОА ДО ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ – ЗАГУБЕН ЖИВОТ НА ДЕТЕ

0
640
Оливер Спасовски вчера ја излажа македонската јавност. Кажа дека не трагале по возилото на киднапираниот Панче затоа што не знаеле дека истото е исчезнато заедно со лицето, а на 2 дена пред кобното грабнување на Вања, на 25-ти ноември, веб-портал објавува наслов и текст дека е исчезнат Панче со се неговиот автомобил. Значи повторувам, иако веќе во јавност објавено неколку дена претходно, според Спасовски – полицијата НЕ знаела дека автомобилот на Панче е исчезнат и затоа истиот никој не го ни барал.

Ова меѓу другото денеска на прес-конференција го изјави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, „доколку автомобилот бил предмет на потрага, истиот би бил идентификуван уште на самиот влез од системот „Сејф сити“ и од патролите на МВР во Скопје. И доколку автомобилот бил идентификуван на влез во Скопје, ќе се спречело барем киднапирањето и убиството на малолетното девојче. Па дури и да се случело киднапирањето, возејќи од центар до излезот на Скопје, возилото повторно можело да биде идентификувано и да се спречи убиството“.

„Ова води до една констатација – занемарувањето на возилото е кардинална грешка и пропуст на МВР кои доведоа до фатални последици и кои чинеа – живот на дете. Исто така, дополнителна лага која беше кажана и која создаде сериозни сомнежи дека не се работи професионално, т.е. се работи на забошотување на случајот е следнава: Според МВР и ЈО, сторителите го убиле девојчето бидејќи ги фатила паника откако се кренала јавноста. Но, потсетуваме: јавноста се крена на нозе после објавата на мајката на ФБ околу 12 часот, а девојчето според Спасовски е убиено 2 часа после киднапирањето, што значи пред објавата на ФБ и пред сензибилизирањето на јавноста“ вели Ковачки.

Пратеникот смета дека „бидејќи одговорните ја излажаа јавноста, се фрла сомнеж дека убиството на Вања не е извршено поради паника од разбудената јавност, туку дека е извршено поради паника затоа што имале доушник во МВР кој им дојавил дека истите се предмет на интерес“.