КОВАЧЕВСКИ : УСПЕАВМЕ ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ДА ЈА ИЗДИГНЕМЕ НА 40.000 ДЕНАРИ!

0
372
„Од вчера просечната плата е рекордно највисоко ниво, 40.000 денари, тоа се 650 евра, што е за  360 евра повеќе од 2017 година. Рекордна минимална плата од над 22.500 денари ќе се обезбеди со следното усогласување согласно Законот за минимална плата,  што ќе стапи на сила идниот месец. Тоа е за 180% зголемување споредено со претходно кога  минималната плата беше 8.050 денари“, рече претседателот СДСМ, Димитар Ковачевски, во изјавата за медиуми по посетата на компанијата Киел во во ТИРЗ зоната во Тетово.
Ковачевски при посетата истакна дека иако успеавме да ги донесеме платите до ова историски највисоко ниво, платите на граѓаните секојдневно растат и ќе продолжат да растат.
Овие подобрувања кои се случуваат во моментов на економски план како што истакна Ковачевски се резултат на правилните политики но и на фактот дека СДСМ го цени трудот на работникот, а грижата за сите е темелот на социјаледмократските политики.
Тој посочи дека СДСМ работи во интерес на граѓаните и дека преку политиките кои се спроведуваа во Владите предводени од СДСМ, а особено во неговиот мандат парите се насочени кон граѓаните и има  повеќе за сите, а сѐ со цел подобар европски стандард за сите граѓани, подобри услови за стопанството, раст на економијата. Ковачевски го потенцираше и одговорносто менаџирање со буџетот со што всушност се овозможува платите на граѓаните секојдневно да растат и да продолжат да растат во иднина.