НАТАЛИЈА ИВЧЕВА : МЕ ЗАГРИЖУВА ОДНОСОТ НА МИЦКОСКИ КОН ДРЖАВАТА, НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ И НА КРАЈ ВМРО-ДПМНЕ И ЧЛЕНОВИТЕ

0
7216

Газдарицата на порталот Инфомакс, Наталија Ивчева, сопруга на новинарот Александар Митовски Мечка, делегат на последните конгреси на ВМРО ДПМНЕ, објави жесток напад кон лидерот на ВМРО ДПМНЕ на својот фб профил:

За Заев и Таче, во суштина што и да се коментира е бесмислено. Се е јасно за нив…

Но, она што повеќе ме загрижува е односот на Мицкоски кон државата, националните интереси и на крај кон ВМРО-ДПМНЕ и членовите.

Се ми мириса на сценарио од 2018 година. Парадирање, концерти и циркуз…овој пат само променета е сценографијата – наместо во Битола, сега пред Влада.

Со концерти ќе ја туркаме Владата? Со забава? Не денес, утре? Ќе го славиме предавството на државата?

…претпоставувам, полесно е од дома под клима, на маникир да глуматариш патриот , борец за државата и народот…

Па ти си го надминал и Бранко Црвенковски, твојот политички ментор. Ваква релативизација на ситуацијата ниту тој не можеше да направи. Вакво издишување на народниот гнев.

За крај, да те потсетам на твоите зборови:

– Ако водам, следете ме. Ако се двоумам, поттурнете ме. Ако предадам, убијте ме! (Кичево, 02.09.2018)