НОВА ОПЕРАЦИОНА САЛА СО НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМА ВО ГЕВГЕЛИЈА, ФИЛИПЧЕ: НАПРАВИВМЕ НИЗА РЕНОВИРАЊА НА ОПШТАТА БОЛНИЦА ВО ГЕВГЕЛИЈА И ЌЕ ДОБИЕ АПАРАТ ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТОМОГРАФИЈА

0
664

“После 60 години за прв пат во ОБ Гевгелија е направена нова операциона сала со најсовремена опрема.

Ова е само едно од низата реновирања кои беа направени во изминатите две години во оваа болница. До крајот на годината оваа болница ќе добие апарат за компјутерска томографија, што многу ќе го олесни пристапот за вакви испитувања.
Ќе продолжиме со зголемување на платите благодарение на оваа Влада и премиерот Зоран Заев, 30 милиони евра во изминатите три години се вложија во зголемување на примањата на здравствените работници во нашата земја. Драго ми што се повеќе млади доктори патот не го гледаат надвор од нашата земја и сакаат да работат тука во нашите здравствени установи.”
-ФБ СТАТУС НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕНКО ФИЛИПЧЕ