КОВАЧЕВСКИ : СДСМ ЈА ЗГОЛЕМИ ПРОСЕЧНАТА ПЕНЗИЈА ЗА 40% ВО СПОРЕДБА СО ДПМНЕ

0
275

СДСМ ја зголеми просечната пензија за 40% во споредба со ДПМНЕ, нашата цел е да обезбедиме достоен и пристоен живот за секој пензионер, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на средба со пензионери од општина Карпош.

-Во време на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната пензија изнесувала 13.754 денари. Сега, во време на СДСМ, односно во март 2023 година просечната пензија изнесува околу 20.000 денари. Тоа е покачување од 40 отсто во време на мандат на СДСМ. Во времето на ДПМНЕ минималната пензија беше 9.000 денари,  денес е 13.200 денари.  Значи 4.000 денари повеќе со СДСМ на ниво на минимална пензија. Не мислам дека е тоа доволно и работам да допринесеме уште повеќе. Особено во времето во кое сите живееме, на глобална економска и енергетска криза, наша должност е да им обезбедиме пристојна старост на пензионерите и ние како Влада и како партија сме на тоа посветени, рече Ковачевски.

Обезбедивме стабилност на пензискиот систем и редовна исплата на пензиите за сегашните и за идните пензионери, додаде Ковачевски.

-Ние и достоинството на пензионерите го штитиме. Никогаш повеќе зголемувањето на пензиите нема да зависи од нечија политичка волја, туку тоа ќе се одвива на секој шест месеци како збир од проценти од официјални статистички податоци, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.