КОВАЧЕВСКИ СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ : ПЕНЗИИТЕ ЌЕ РАСТАТ И ПОНАТАМУ, ЈА ИМАТЕ ЦЕЛАТА НАША ПОЧИТ И ПОДДРШКА

0
520

Ја имате целата наша почит и поддршка. Нашата отворена и редовна комуникација со пензионерите продолжува, бидејќи ние не бегаме од проблемите туку наоѓаме решенија. СДСМ ги покачи пензиите за 24% за само година и половина,  и пензиите ќе растат и понатаму, нашата цел е да обезбедиме достоен и пристоен живот за секој пензионер,  порача претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски денеска на средба со пензионери од општина Карпош.

– Никој не треба и не смее да манипулира со пензионерите, нашите највозрасни сограѓани кои ја граделе оваа држава треба да имаат услови за достоинствен живот, а ние како Влада и парламентарно мнозинство тоа им го овозможуваме. Затоа, ќе продолжиме со вистинска грижа за нашите сограѓани пензионери. Не само во однос на пензиите, туку и во другите политики. Ние ги разбираме потребите на пензионерите и подготвени сме да разговараме за сите нивни барања. Подготвуваме и нов пакет на мерки за помош, за којшто дополнително ќе информираме. Конечно, нашата цел за европска држава, значи и европски животен стандард но и европски пензии. А тоа е можно само со СДСМ, рече Ковачевски.