Ременски: Дали на Горан Грујовски ќе му дозволеа да докторира ако знаеја дека години наназад незаконски прислушкувал?

0
1176

Имам една дилема …

Дали на првообвинетиот во случајот на СЈО “Тврдина” (Горан Грујовски) ќе му дозволеа да докторира на Правен на темата “Злоупотреба на специјални истражни мерки”, ако знаеја дека години наназад незаконски прислушкувал, односно практично работел на тезата?

Мојот факултет не собра сила, од етички и законски аспект да не и дозволи да докторира на Гордана Јанкуловска која од позиција на министер го вовлече факултетот во милионски криминал со опрема за лабараториии за што ЈО за организиран криминал 3 години молчи …

Има ли таков професор/декан што ќе може самостојно без ограничување на неговото време за оценка на магистратура/докторат да работи со кандидат (премиерот, министерот за присила и началникот за прислушкување) на ист начин како што работи со “обичните” кандидати?

Дали ова (и други вакви примери) не е уште еден доказ за класичното тргување со влијание за остварување на лични цели?

Дали ова не е уште еден доказ дека наместо кукањето за маките на академската заедница требаше многу порано да се каже не на овој вид на корупција …

Е ова се предизвиците и прашањата на кои треба да заседаваат сенатите, деканатите и советите, а не да продолжат по разгазениот пат за уништување на академската слобода, автономијата и критериумите за стекнување на академски статус !

Затоа ни бегаат младите надежни кадри. Затоа се изгуби вредноста и значењето на титулите и звањата …

Зошто за борба против криминалот може да предава и аболициран полицаец кој се вработи по пензионирање, но затоа нема место за најдобриот докторант на универзитет …, ги нема потребните епитети …

Кога ќе се стават сите апсурди на кантар човек ќе си помисли дека, ова што ни се случува е малку од она што можело да не снајде …

‪#‎ЗатоаПротестирам‬
‪#‎АкоВиЕДоброТогашНишто‬

Фросина Ременски – Фејсбук статус