ВМРО-ДПМНЕ : ОСМАНИ СО СКАНДАЛОЗНО ИНТЕРВЈУ, НЕ САКАШЕ ДА ГОВОРИ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО И АЛБАНЦИТЕ КОИ НЕ СЕ ЗА ДУИ ГИ СМЕТА ЗА АЛБАНЦИ

0
586
Очајно, конфузно и многу нервозно интервју на Бујар Османи. Веројатно неговиот шеф во Зајас глава го здоболела од неговите ставови.
Прво и најмизерно во целото интервју е тоа што Бујар Османи избегнуваше да говори за смртта на младата Вања која се случила во предвечерието на самитот на ОБСЕ. Тој едноставно не сакаше да коментира за конкретните прашања на јавноста. Крајно неетички и нехумано за еден човек кој постојано акцентира дека е лекар дигестивен хирург. 
 
Второ, ги поистовети албанците во Македонија со ДУИ изјавувајќи „кога ги напаѓате ДУИ, ги напаѓате албанците“.
 
Тоа е навреда на албанците во Македонија, нивните демократски капацитети и нивните политичка волја. Зарем албанците кои не се за ДУИ не се албанци? 
 
Зарем ДУИ има дозвола за криминал и корупција и никој не смее да ги критикува? Зарем и албанците кои ја критикуваат ДУИ за корупција се против албанците? 
 
Османи треба да разбере дека Албанците во Македонија се многу повеќе од ДУИ и им е дојдено преку глава од лоповлукот на ликовите ДУИ кои се кријат зад наводната етничката кауза. По истата логика на Бујар Османи неговата опседнатост и анимозитет кон политиките на ВМРО како најголема партија е во исто време македонофобија?!
 
Очигледно дека Османи е нервозен. И тоа не е добро бидејќи такво поведение не приличи за еден човек, а камо ли за еден МНР. 
 
Научил една фраза дека не можеме да направиме реформи и тоа па тоа го повторува, без да сакаат тој и владата да засукаат ракави и да работат и да се справува со корупцијата и криминалот. 
 
НЕ ДРУЖЕ! Корумпирана ви е владата и ви смрди на криминал. Тоа народот го гледа и од тоа ви се крева косата на главата.