Поранешниот воен разузнавач Горан Софески, кој беше пронајден мртов, бил обезбедување на Фросина Ременски и ја открил аферата за шверц на армиско оружје!

0
1599

Поранешниот воен разузнавач Горан Софески кој утринава е пронајден мртов во чудни околности, беше поранешен шеф на военото разузнување, а потоа и обезбедување на актуелната министерка за труд и социјала, Фросина Ременски, за време на протестите пред владата.

За Софески се знае дека беше исклучително критичен кон власта. Тој е човекот кој откри многу афери, меѓу кои и онаа за шверцот со армиското оружје.

Тој утринава беше пронајден мртов во шумскиот појас во близина на селото Раштани, пет километри од Кичево, откако синоќа бил пријавен за исчезнат. Во тек е увидот на местото на настанот, поради што од Министерството за внатрешни работи не можат да откријат повеќе детали.

Не се познати причините како настапила смртта. Според некои извори Софески починал под сомнителни околности.