КОВАЧЕВСКИ : СДСМ ПОВИКА НА ФОРМИРАЊЕ НА ЕВРОПСКИ ФРОНТ

0
276
СДСМ е партија со најголем демократки и коалициски капацитет и веќе повика на формирање на европски фронт со сите политички партии, невладини организации, активисти, организации, поединци кои делат исти вредности со нас без разлика на етничката или идеолошката припадност, рече во интервју за „360 степени“ претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.
-Претседателскиот кандидат на СДСМ ќе биде кандидат која што се залага за евроинтеграцијата на  државата, кој се залага за надворешна политика која што е  целосно усогласена со НАТО и со надворешната политика на ЕУ, кој што ги почитува  меѓународните договори во  државата, кој што ја почитува преговарачката рамка на државата со ЕУ. Претседателски кандидат за кој што сите граѓани без разлика на етничка или која друга припадност се еднакви. Претседателски кандидат кој што има визија за Македонија како полноправна членка на ЕУ со економски раст, со врвно владеење на демократија и правда. Тоа е политички профил на кандидат, подготвен претседателски кандидат кој што СДСМ ќе го понуди и кој што ќе треба да ги дели вредностите на нашите коалициони партнери, рече претседателот Ковачевски.
Ние нашата покана ја испративме официјално како политичка партија на прес конференција после лидерска средба и тоа претставува одлична основа за натамошни разговори и со партијата ДУИ и со партијата Алијанса и со било која друга партија, организација и поединец кој  се залага со такви вредности, додаде Ковачевски.
-Бидејќи коалициите се прават на база на вредности. Не можете да правите коалиција на база на интереси. Коалиции на база на интереси видовме во Скопје како изгледа, коалиции на база на интереси ги видовме на битолски совет како изгледа, коалиции на база на интереси видовме во Македонска Каменица како изгледа. Заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ правеше такви коалиции за локалните избори, погледнете го градот Скопје денеска, потенцираше претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски за „360 степени“.