БАЈДЕН ЌЕ ИЗВРШИ СИЛЕН ПРИТИСОК ВРЗ БУГАРИЈА ЗА ДА СЕ ДЕБЛОКИРААТ ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ДАНИЕЛ СЕРВЕР: АПСУРДНИТЕ БУГАРСКИ БАРАЊА ПРЕДИЗВИКУВААТ ОГОРЧЕНОСТ ВО ВАШИНГТОН И ТОА НЕМА ДА СЕ ТОЛЕРИРА

0
1021
“Се очекува администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да изврши зголемен притисок врз Бугарија за откочување на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, а извршната наредба на Бајден е со цел да врши притисок за подобрување на владеењето на Западен Балкан” – изјави Даниел Сервер, експерт за Балканот од универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон. Претпристапните преговори меѓу Скопје и Брисел за членство во ЕУ треба да се отворат во јуни.
Тој очекува американската Администрација да изврши притисок врз Бугарија за изнаоѓање брзо решение во однос на апсурдните барања до Северна Македонија поврзани со јазикот и историјата, што е причина за фрустрација во многу европски центри и во Вашингтон.
“Администрацијата ќе изврши голем притисок врз Бугарија иако не сум убеден дека некој во Софија сака да го слушне тоа” – изјави Сервер.