СПАСОВСКИ НА СРЕДБА СО СВР БИТОЛА : ВО 2023 ИМАМЕ НАМАЛУВАЊЕ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА ЗА 19%, ОСТВАРЕНА ЕФИКАСНОСТ НА ПОЛИЦИЈАТА ОД 42%, САМО ВО ДЕЛОТНА РАЗБОЈНИШТВА ЕФИКАСНОСТ ОД ВИСОКИ 69%

0
310

Денеска, (07.12.2023) за време на посетата на седиштето на Регионалниот Центар за гранични работи Запад во Охрид, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со дел од раковдствата на МВР и БЈБ, покрај брифингот со раководствата на РЦ Запад и СВР Охрид, беше брифиран и од страна на раководството на СВР Битола, со цел увид во постигнатите резултати на оваа организациона единица.

„И Секторот за внатрешни работи Битола во текот на 11-те месеци од 2023 бележи намалување на вкупниот број на извршени кривични дела за 19%, а за одбележување е остварената ефикасност кај кривичните дела со непознат сторител, која изнесува 42%. Делата од класичниот криминал исто така се намалени, за 23%, додека постигнатата ефикасност во расветлувањето на кривичните дела е 42%. Евидентен е успехот кај ефикасното откривање на кривичните дела од имотниот криминал, при што кај тешките кражби таа изнесува 36%, кај кражбите е 49%, а кај разбојништвата високи 69%”, истакна Спасовски. Притоа, тој сподели дека СВР Битола има одлични резултати во делот на недозволена трговија со дрога, како и во делот на реализирани превентивни активности.

„Во делот на спречување на присуството на дрога, СВР Битола има одлични резултати во периодот од 11-те месеци од 2023 година со 100 поднесени кривични пријави, а за посебно поздравување се и над 3.800 превентивни активности на ова подрачје, од кои една третина само во Битола, на различни теми во сите области, согласно приоритетите на СВР Битола”, рече министерот Спасовски, изразувајќи го уверувањето дека СВР Битола, како и СВР Охрид и РЦ Запад ќе продолжат со зголемена ефикасност и намален криминалитет, подигнувајќи ја уште повеќе безбедноста на заедницата, преку градење на партнерски однос со граѓаните – како нивен вистински сервис.