КОВАЧЕВСКИ ОД ОХРИД : НАДЕЖ ЗА СВЕТЛА ИДНИНА СО СДСМ ИЛИ БЕЗНАДЕЖНОСТ СО ДПМНЕ, ТОА Е ИЗБОРОТ

0
144
Ова не се избори само помеѓу СДСМ и ДПМНЕ, ова се избори помеѓу надежта и безнадежноста, избори помеѓу светла иднина и враќање во мрачното минато, рече претседателот Димитар Ковачевски вечерва во Охрид.
-Со глас за СДСМ и за Стево Пендаровски обезбедуваме сигурна европска иднина, подобра иднина за сите.  Затоа што граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на право, социјалната правда.
Ние во СДСМ никогаш нема да се откажеме од европскиот пат. Затоа што тоа е вистинскиот пат кон подобра иднина, потенцираше Ковачевски.
-За разлика од нас, Христијан Мицкоски и ДПМНЕ не знаат каде тераат. Се однесуваат како да се без компас.  На Македонија не ѝ треба лоша реприза на владеењето на Никола Груевски.  Со нив на власт, државата ќе изгуби уште една деценија заглавена на патот кон Брисел, а за тоа ќе обвинуваат некои други, дури и самата Европска Унија, рече Ковачевски.
СДСМ го има победничкиот кандидат за претседател и СДСМ го има победничкиот тим за новата проевропска Влада, рече Ковачевски.
-На 8-ми мај ќе прогласиме голема победа, а веќе на 9-ти мај, Денот на Европа, ќе ја најавиме новата Влада и ќе продолжиме со нова енергија да работиме за европска иднина на Македонија, потенцираше претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Охрид