(ФОТО) Зоран Заев на празникот Водици е со граѓаните

0
1210

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Струмица.

Претседателот Заев традиционално напладне беше покрај водите на базенот Аквариус во којшто беше фрлен светиот крст. На Лазо Котуровиќ, кој беше најбрз и го фати светиот крст, му посака здравје и успех, а до своите сограѓани и до сите граѓани во Македонија упати порака за добар живот и благосостојба во семејствата.

Претседателот Заев, ноќта присуствуваше на бдеењето во црквата Свети Григориј Палама и Свети Димитриј во Струмица во чест на празникот Богојавление – Водици.

Zaev Vodici2

Zaev Vodici1