КОВАЧЕВСКИ : НОВАТА ПРОГРАМА НА СДСМ СОДРЖИ КОМПЛЕТНИ МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА ЗА ГРАЃАНИТЕ И ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ И ПЕНЗИИ

0
202
„СДСМ е најактивната партија во државата и во моментов подготовките се одвиваат од страна на партиските органи и од страна на централниот штаб од сите аспекти на кампањата.“ посочи претседателот на СДСМ, Ковачевски во интервју за МИА.
Тој во интервјуто се осврна на досегашните активности кои СДСМ ги имаше на терен изминатиов период, почнувајќи од декември 2022 година кога со кампањата „Силно и одлучно“ со граѓаните на терен се разговараше за она што го презема СДСМ и Владата предводена од СДСМ како економски мерки и за она што се презема во однос на обезбедување на европска иднина на државата преку отпочнување на преговорите со ЕУ.
Претседателот Ковачевски говореше и за кампањите и директните средби со граѓаните на кои беа споделени и појаснети конкретно анти-кризните мерки кои Владата, предводена од СДСМ и Ковачевски како тогашен претседател на Владата ги преземаа во текот на најкризните месеци предизвикани од војната во Украина. Воедно ги истакна и дискусиите кои се организираа во соработка со невладиниот сектор и експертската јавност презентирајќи ги резултатите од сработеното во повеќе различни области особено во делот на социјалната правда и економијата, но и подготовките за новата програма за изборите во 2024 година.
„Во текот на изминатите месеци, комисиите 18-те комисии на СДСМ беа екипирани со некаде околу 200 експерти, кои не се сите членови на партија но кои делат исти вредности со нас кои што работат на новата изборна програма, за изборите во 2024 година до 2028. Тоа е програма која ќе содржи комплетни мерки како што и содржеше и во 2020 година и програма која што ќе се грижи за економската благосостојба на граѓаните, за унапредување на општествените процеси како и за продолжување и заокружување на процесот на евроинтеграции.’ порача Ковачевски во интервјуто за МИА.