СПАСОВСКИ ЗА „ТОП ТЕМА“ : МВР ВО МИНАТИВЕ ГОДИНИ ДОЖИВЕА ПРЕРОДБА ВО РЕЗУЛТАТИТЕ И УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА

0
234
Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостување на „Топ Тема“ на Телма запрашаан да процени дали со периодот на негово министерување со МВР има доволно кредибителитет да ја бара повторно довербата на граѓаните на претстојните избори дали како претседателски кандидат на СДСМ или носител на листа истакна дека периодот со неогово раководење на министерството може да се каже дека министерството за внатрешни работи дожиеа тотална преродба во позитивна смисла.
„Сето она што сум го направил во министерството за внатрешни работи, реформите во работењето, борбата со криминиалот, нелегалната трговија со дрога, намалувањето на севкупниот криминалитет, подобрувањето на условите за работа, менувањето на начинот на работењето, во дигитализацијата на системот, во реконструкцијата на објектите, во обезбедувањето на опрема и униформи, можеже да кажеме дека направивме една тотална преродба во овој дел на министерството. За прв пат сме опремени за гасење пожари, за прв пат имаме медикоптер за медицински спасувања…
Сето тоа е нешто во кое резултатите не можат да бидат негирани.“, прецизен беше поранешниот министер Спасовски. Во насока на постапките за камндидирањето и сето она што се одвива во рамките на партиските програми, Спасовски истакна дека тие постапки се во тек и не може однапред да прејудицира и како што подвлече за него е најважно Социјалдемократскиот сојуз со својата коалиција, да ги има најдобрата понуда и најдобрите кандидати за сите кандидатски листи.