(ВИДЕО) Шилегов: Јавно го соопштувам распоредот на сведоци за незаконското прислушкување – Во среда Црни Грујо, во четврток на тапет се Протуѓер и Ставре, а Мијалков е на ред во петок!

0
1059

Петре-Шилегов-685x320

„Во текот на денешниот ден како претседател на Анкетната комисија преку целиот ден се обидов да направам координација со пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ за да можеме да го составиме редоследот на сведоците кои треба да се појават од среда па натаму на сведочење за анкетната комисија. За жал не успеавме. Сакам да ве известам дека се до овој момент, до давањето на изјавата до 17:00 часот, во архивата на Собранието на РМ ниту еден од прозваните сведоци за сослушување не се произнесе писмено за кога може да присуствува на сослушувањето, т.е. да биде сослушан како сведок пред анкетната комисијата и бидејќи немаме никаква писмена конфирмација како претседател на комисијата, на јавноста, но и на повиканите лица, согласно деловникот за работа им го соопштувам следниот редослед на сослушување на сведоци“, рече претседателот на собраниската Анкетна комисија за прислушкување, Петре Шилегов.

„Седниците ќе се одржуваат секој ден од 11 часот до кога ќе трае сослушувањето на сведоците. На 09 декември, среда, согласно деловникот, ќе биде сослушан Никола Груевски, прв предложен од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. Во четврток, 10 декември, ќе биде сослушан Мартин Протуѓер како прв предложен на листата од СДСМ и Зоран Ставревски како втор предложен од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. На 11 декември, петок, ќе биде сослушан Сашо Мијалков, како втор од листата на СДСМ. На 14 декември ќе биде сослушана Гордана Јанкуловска како трето предложена од ВМРО ДПМНЕ и на 15 декември, вторник, ќе биде сослушан Миле Јанакиевски како трет повикан од пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Воедно овој распоред согласно деловникот е јавен повик до лицата во посочените термини да се јават пред анкетната комисија и да дадат сопствена изјава. Повторувам ги повикувам јавно Никола Груевски на 09 декември да дојде во 11 часот да се јави пред анкетната комисија, Мартин Протуѓер на 10.12(Четврток) да се јави пред анкетната комисија, Зоран Ставревски исто на 10.12. да се јави пред анкетната комисија, Сашо Мијалков во Петок 11.12. да се јави пред анкетната комисија, Гордана Јанкуловска да се јави на 14.12. пред анкетната комисија и Миле Јанакиевски да се јави 15.12. пред анкетната комисија со цел истите по сопствена волја да дадат изјава пред анкетната комисија за фактите, околностите, меѓутоа и за содржината и политичката нивна одговорност за објавените прислушкувани разговори“, изјави Шилегов.