ВЛАДАТА ЌЕ МУ ДОДЕЛИ 5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА КАРТОТЕКИТЕ

0
602

Министерството за култура ќе намени 5 милиони денари за дигитализацијата на картотеките во Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков”.

“Владата на седница ја разгледа и усвои Информацијата за преземање активности во врска со дигитализацијата на картотеките при Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков” и го задолжи Фондот за иновации и технолошки развој средствата добиени од Министерството за култура во износ од 5 000 000 денари наменски да ги искористи за дигитализацијата на картотеките при Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков” а согласно објавениот јавен повик” – се вели во соопштението од Владата.