КОВАЧЕВСКИ НЕ ИСКЛУЧУВА МОЖНОСТ ТОЈ ДА БИДЕ И ПРЕМИЕР ПО ОСТАВКАТА НА ЗАЕВ

0
730

Премиерот Заев рече дека претседателот на СДСМ ќе биде и премиер, доколку вие бидете иден претседател, дали сте подготвени и за функцијата премиер? Што може да очекуваат граѓаните и какви промени и требаат на Владата за подобро функционирање?

За тоа е навистина рано да се зборува, пред нас претстојат непосредни избори во партијата и фокусиран сум на нив и на програмата со која сакам да настапам пред членството. Што се однесува до Владата, без разлика дали ќе бидам јас премиер или некој друг потребни се секако промени. Владата мора ефикасно да работи на побрза реализација на сите проекти и капитални инвестиции. Новата влада мора да состави добар тим од професионалци кои ќе се справат со предзивиците на енергетската криза, економските политики, но секако и евроинтеграциите. Потребно е поцврсто владеење и поголема одговорност на сите нивоа од министрите па надолу. Се надевам дека во новата влада ќе има место за повеќе стручни луѓе и експерти во советничкиот тим на премиерот бидјеќи човечкиот потенцијал е клучен за добар менаџмент. Граѓаните бараат одговорност, реализација на ветеното и фокус на приоритетите и проблемите кои нив ги засегаат а тоа подобар живот и повеќе приходи.