СО СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА САКАМЕ ДА СПРЕЧИМЕ ТРАНСМИСИЈА НА КОРОНАТА КАДЕ ШТО ИМА ПОГОЛЕМИ ГУЖВИ, ФИЛИПЧЕ: ИНСПЕКТОРИТЕ ЌЕ ГО КОНТРОЛИРААТ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА МЕРКИТЕ НА ТЕРЕН

0
847

Денес започна примената на новите мерки за заштита од ширење на Ковид-19 со кои за влез во затворените трговски центри и други објекти потребно е да се покаже сертификат за вакцинација.

Засега не е определено дали вработените во моловите треба да се вакцинирани и да имаат сертификат, дали редовно треба да прават ПЦР тестови или да имаат доказ дека прележале корона во последните 45 дена. Исто така не е одредено како да се постапува со оние вработени кои поради одредени заболувања, не смеат да се вакцинираат.

“Нема укажување за вработените, ние немаме механизам тоа да го направиме, меѓутоа мерките се однесуваат на просторите и местата кадешто има масовни настани, односно масовно присуство на луѓе, каде што може да има трансмисија на вирусот. И тоа е целта и тоа е логиката позади овие мерки. Таму каде што видовме дека има таква трансмисија на вирусот, тоа да го спречиме. Тоа е целта. Предизвици секогаш ќе има, некои технички прашања во делот на спроведување, некои логични прашања кои ќе се наметнуваат, па ќе одговориме секако на било кој на кој ќе му треба дообјаснување. Но, што е целта? Да се стимулира вакцинацијата. Зошто? Еве гледаме дека во градовите каде што е повисок опфатот со вакцинација, засега, се надевам дека така ќе остане, нема притисок во болница, тоа се Битола, тоа е Охрид, Штип. Вакцинацијата таму е близу 50%” – изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот Филипче рече и дека инспекторите ќе ги проверуваат сертификатите на терен и ќе го контролираат спроведувањето на мерките.