Српската фудбалска легенда, Михајловиќ ја победи тешката болест : По 40 дена лекување од леукемија вечерва ќе ја води Болоња од клупата

0
2149

Италијанските медиуми предмалку објавија дека Михајловиќ е во Верона и ќе седи на клупата на Болоња, откако пред месец и половина на прес-конференција објави дека болува од леукемија и декаитно го почнува третманот за да победи во животната битка.

Според информациите, Србинот го завршил само првиот дел од лекувањето и сѐ уште е далеку од излечен, но неговата желба, борба и храброст ја воодушевија Италија, зашто покажува дека нема намера да се предаде, ниту да се откаже од фудбалот.

Инаку тој на своите избраници им ветил кога заминал на лекување дека ќе биде со нив на првиот меч и сега тоа го исполнува.