МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: ГРАЃАНИТЕ ДА ОДАТ НА ВАКЦИНАЛНИТЕ ПУНКТОВИ ВО СВОИТЕ ГРАДОВИ НА ЗАКАЖАНИТЕ ТЕРМИНИ

0
728

“Граѓаните при закажување на веб страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат, поради тоа системот автоматски им испратил порака за локацијата, односно вакциналниот пункт и градот, што сами го одбрале” – ова денеска го соопшти Министерството за здравство откако на социјалните мрежи се појавија информации од граѓани дека за вакцинација добивале смс пораки за да се вакцинираат во друг град а не каде што живеат.

Министерството за здравство ги информира сите граѓани кои се соочиле со ваков проблем и од таа причина не се појавиле вчера на вакцинација истото да го сторат во местото каде живеат, односно на вакциналниот пункт во нивниот град. Не е потребно повторно да се пријават ниту на vakcinacija.mk ниту кај својот матичен лекар, доволно е кога ќе дојдат на вакциналниот пункт да ја покажат пораката која ја добиле односно каде пишува дека вчера имале термин за вакцинација” – се наведува во соопштението.  

Се додава дека ова важи за сите граѓани кои денеска или во наредните денови ќе се соочат со овој проблем.