КОВАЧЕВСКИ : МОТИВИРАНИ СМЕ, ДВОЈНАТА ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ ЌЕ БИДЕ ПОБЕДА ЗА ЕВРОПА!

0
243
Мотивирани сме, го гледам тоа и вечерва меѓу вас, одиме на двојна победа на претседателските и парламентарните избори, тоа ќе биде победа за Европа, рече на денешната трибина „Повеќе за сите“ претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
-СДСМ ќе го има победничкиот кандидат на претседателските избори и СДСМ ќе ја формира новата проевропска Влада која ќе ја однесе земјата во Европската Унија и која ќе обезбеди европска иднина за нашите деца, ама не во некоја туѓа земја во ЕУ, туку тука дома, во Европска Македонија. Тоа ќе биде победа за Европа!, рече Ковачевски.
Од независноста до денеска, досега, не се случило толку голема финансиски помош, толку многу пари некоја влада да пренасочи кон граѓаните и компаниите. Над 2 милијарди евра пари вратено кај граѓаните, потенцираше Ковачевски.
-Ние во СДСМ сме горди на тоа. Но, кога велиме дека со СДСМ секој добива повеќе не мислиме само на антикризните мерки. СДСМ навистина има резултати кои што прават разлика. Доколку се спореди со времето на ДПМНЕ нема сегмент во којшто СДСМ нема подобар резултат, и тоа драстично подобар. Ниту плати, ни пензии, ни компании, ни работници.

Ако на ова се додаде степенот на растечка слобода и демократијата во земјата, силната меѓународна позиција, обезбедената сигурност со членството во НАТО, започнатите преговори со ЕУ, фактот што сме рамноправен партнер на САД и ЕУ, на демократскиот свет прилично се јасни работите на политичката сцена во земјата, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на трибината „Повеќе за сите“.